Македонија
Бесплатни превентивни прегледи на Светскиот ден на здравјето
По повод Светскиот ден на здравјето 7-ми април, годинава посветен на повозрасните лица и здраво стареење, Министерството за здравство, во соработка со здравствените домови, центрите за јавно здравје и Институтот за медицина, во текот на саботата организира акција на превентивни бесплатни прегледи.
По повод Светскиот ден на здравјето 7-ми април, годинава посветен на повозрасните лица и здраво стареење, Министерството за здравство, во соработка со здравствените домови, центрите за јавно здравје и Институтот за медицина, во текот на саботата организира широка акција на превентивни бесплатни прегледи во сите градови во земјата. За време на активностите на ниво на целата држава ќе бидат поставени 38 пунктови за бесплатни превентивни прегледи во сите (33) града во државата, во која ќе учествуваат над 200 здравствени работници. На територијата на главниот град Скопје за бесплатни прегледи ќе бидат поставени 5 пунктови и тоа во населбата Ѓорче Петров, во општина Центар – на градскиот плоштад и во ТЦ „Рамстор“, во Чаир (на влезот во Стара чаршија), како и во општина Аеродром-во ТЦ „Бисер“. Прегледите ќе се вршат во периодот од 8 до 14 часот.Бесплатните лекарски прегледи ќе ги вршат здравствени работници, а ќе содржат: мерење крвен притисок, телесна тежина и висина, одредување на шеќер и маснотии во крвта, а ќе се даваат и совети за грижа за здравјето, начин на исхрана, Резултатите од извршените мерења на граѓаните ќе им се соопштуваат веднаш по мерењето. Паралелно со акцијата за бесплатни превентивни прегледи, службите за поливалентна патронажна дејност при здравственитте домови во Република Македонија, во текот на утрешниот ден ќе ги посетуваат старите и хронично болни лица (посебно оние кои живеат сами), при што ќе мерат притисок, ќе испитуваат гликемија и холестерол, ќе ги едуцираат за навремено земање на препишана терапија од матичниот лекар и ќе ги советуваат за грижа за сопственото здравје. Од страна на десетте Центри за јавно здравје и нивните подрачни единици ќе бидат посетени домовите за стари лица на своето подрачје, при што ќе се вршат превентивни прегледи и едукација за здрав начин на живот на старите лица и грижа за сопственото здравје.Институтот за медицина на труд – Скопје, исто така, со специјализирано медицинско возило, кое е наменски комплетно опремено за вршење превентивни прегледи (мобилна клиника), утре ќе врши прегледи на земјоделски работници и население од рурални средини во регионот на Скопје (село Стајковци). При прегледите ќе се даваат совети за грижа на здравјето ќе се дистрибуираат брошури, како и совети за евентуални дополнителни прегледи.Паралелно со тоа, лекарите од Центрите за јавно здравје нивните подрачни единици, почнувајќи од денеска и во текот на следната недела ќе организираат предавања во училиштата и градинките на своето подрачје за здравиот начин на исхрана и здравите навики (физичка активност), како и за штетните ефекти на употребата на алкохол, пушење и дрога. крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

