Економија
Ватикан: на светот му е потребна наднационална економска влада

Ватикан денеска побара создавање на институција на „глобална финансиска власт“ и на „централна светска банка“ кои би владееле со финансиските институции кои станале застарени и нефункционални при решавањето на кризите.
Ватикан денеска побара создавање на институција на „глобална финансиска власт“ и на „централна светска банка“ кои би владееле со финансиските институции кои станале застарени и нефункционални при решавањето на кризите.
Документот што го издаде ватиканската комисија Lustitia et Pax, сметаат познавачите, ќе биде музика за ушите на оние кои демонстрираат на Волстрит и за сличните движења ширум светот.
Текстот наречен „За реф0ормата на меѓународниот финансиски и монетарен систем во контекст на глобалната јавна власт“, на 18 страници е многу прецизен и бара, на пример, воведување на данок на финансиски трансакции.
„Економската и финансиската криза во светот бара од сите, поединци и народи, длабински да ги истражат принципите и културните и моралните вредности во темелите на општествениот живот“, се вели во документот на Ватикан.
Текстот ја осудува „идолатријата на пазарите“, како и „неолибералното размислување“ затоа што тоа, како што се вели во текстот, бара исклучиво технички решенија за глобалните проблеми.
„Кризата, всушност, ги разоткри однесувањата како што е себичноста, колективната алчност и масовното трупање“, се вели натаму во документот, во кој се додава и дека на светската економија и треба „етика на солидарноста“ помеѓу богатите и сиромашните земји.
„Ако не се пронајдат решенија за тие разни облици на неправда, негативните последици на социјално, политичко и економско ниво ќе создадат клима на се поголемо непријателство, па дури и насилство и на крајот ќе ги поткопа самите темели на демократските институции, дури и оние кои се сметаат за најцврсти“, сметаат во Ватикан.
Ватикан повикува на воспоставување на „наднационално тело“ кое би делувало ширум светот и би имало „универзална јурисдикција“ во одлучувањето и управувањето со економската политика. Таквото тело би се потпирало на Обединетите нации, а потоа би се осамостоило и би добило овластувања на развиените земји да им ја забрани употребата на „претерана сила кон послабите држави“.
Меѓународниот монетарен фонд повеќе нема сила,ниту пак способност да ги стабилизира светските финансии со регулирање на вкупното прелевање на парите и повеќе не е во состојба „да ја надгледува количината на кредитниот ризик во кој се впушта системот“. На светот, затоа, му треба „минимален заеднички систем на правила за управување со глобалните финансиски пазари, како и „некаков облик на глобално монетарно управување“.
Во документот, сепак, се признава дека за воведување на такво нешто ќе бидат потребни многу години и дека ќе има силен отпор.
„Секако, таквата трансформација би се спровела со постепено и урамнотежено префрлање на државните овластувања на светските и на регионалните власти, но тоа е потребно затоа што денес и динамиката на човековото општество и стопанство и напредокот на технологијата ги минуваат границите, кои во глобализираниот свет веќе и така се еродирани“, вели Ватикан. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Иран остана без гас бидејќи Ирак го запре вентилот по наредба на САД

Ирак денеска ќе го запре увозот на гас од Иран како дел од условите што ги постави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука беше поздравена од страна на Стејт департментот на САД, кој ја потврди потребата од елиминирање на енергетската зависност од Иран.
Ирачката влада ќе мора да најде алтернативен извор на гас за да ја задоволи потребата за енергија, но некои пратеници ја изразија својата загриженост, посочувајќи дека во моментов нема јасна алтернатива за задоволување на потребите на земјата.
„Ирак дневно увезуваше 50 милиони кубни метри гас од Иран за напојување на своите електрани“, пренесува Асарак ал Авсат. Властите во Багдад сега се соочуваат со предизвик да обезбедат нови извори на енергија.
Портпаролката на Стејт департментот ја поздрави посветеноста на ирачкиот премиер во напорите да ја зголеми енергетската независност на земјата: „Повикуваме Ирак да ја елиминира зависноста од иранските енергетски извори што е можно поскоро“.
Со оваа мерка, САД дополнително го засилуваат притисокот врз Багдад да дозволи извоз на сурова нафта од Курдистан преку Турција, што е дел од пошироката стратегија за економска изолација на Иран и намалување на приходите од нафтата, кои служат за финансирање на нуклеарната програма на Иран.
Свет
(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите
Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!
Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.
Zürich: Nicht bewilligte #Demonstration zum #Weltfrauentag. Die Polizei setzt Reizgas und Schlagstöcke ein. Zur #Demo gegen «Vereinzelung, Krieg und Patriarchat» aufgerufen haben linksradikale Gruppierungen. #Frauentag #InternationalWomensDay #IWD2025 #WomansDay #WorldWomensDay pic.twitter.com/PBtVf5HDKR
— LIVE1 (@LIVE1TV) March 8, 2025
Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.
За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.
Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.
Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.
Економија
УЈП воведува нови функционалности за поднесување барања за кодови за пресметка на плати

Управата за јавни приходи (УЈП) ја заврши надградбата на системот за е-Даночни услуги со нова функционалност, која овозможува поднесување барање за издавање на код за идентификација на МПИН пресметките за плати. Оваа новина ги информира даночните обврзници и сметководителите за новите процедури.
„Даночните обврзници кои се соочуваат со проблеми во врска со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, треба да поднесат барање за нов код преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи“ под подменито „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат достапни на профилите на корисниците во соодветното мени“, соопштуваат од УЈП.
Дополнително, УЈП потсетува дека оние кои одлучиле да ги користат МПИН пресметките преку системот е-Даночни услуги, согласно со последното соопштение од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање нов клуч за пресметка на платите.
„Скоро ќе излеземе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот систем за пресметка на плати“, велат од УЈП.