Свет
На син ми да му се суди ама да не оди во притвор
Вака кажа Томислав Стојановски , татко и еден од бранителите на Драган Даравелски на последното судско рочиште кои беше одложено оти ниту еден сведок не се појави во судница
СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ ОДЛОЖЕН ЗА СЕПТЕМВРИ
Вака кажа Томислав Стојановски , татко и еден од бранителите на Драган Даравелски на последното судско рочиште кои беше одложено оти ниту еден сведок не се појави во судница
Судскиот процес против Драган Даравелски поранешниот прв човек на Царинската управа на Македонија беше одложен во Основниот суд 1 во Скопје. Во судницата не се појави ниту еден сведок.
Во судницата беа само четворицата адвокати на Даравелски. Неговиот татако и бранител Томослав Стојановкси од судот повторно побара побрза одлука на неговото барање да се поништи судската одлука за притвор и стражарно приведување на Даравелски. "Инсистирам на Даравелски да му се суди но со гаранции дека нема да оди во притвор", рече Стојановски.
Даравелски е надвор од државата и престојува во Србија и Црна Гора. Тој се бара со меѓународна потерница. Два пати бараше да биде повлечена потерницата за него да може да дојде во Македонија ама да не биде апсен. Кривичиот совет во Основниот суд 1 во Скопје барањето го одби.
Потерница за Даравелски беше издадена во 2003 година. Пред тоа полицијата шест месеци трагаше по него. Тој е осомничен за финансиски малверзации во Царината.
Даравелски и Доцевски се осомичени дека ја оштетиле државата за 136,3 милиони денари. Драган Даравелски треба да одговара за трошење државни пари. Тој делел пари за позајмици на пријатели, купувал автомобили со повисоки цени од реалните и делел пари на луѓе кои не биле вработени во Царината. (К.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лидерите на Франција, Британија и Германија 40 минути разговарале со Трамп за Украина
Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија разговарале 40 минути со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Украина, потврди претседателот Емануел Макрон.
Во телефонскиот разговор учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Разговорите се случуваат во момент кога Трамп врши притисок врз Киев да прифати договор за завршување на руската инвазија.
Свет
САД ќе ги објават тајните списи за Епштајн: Судот даде зелено светло
Американски сојузен судија во Њујорк одобри Министерството за правосудство да ги објави записите од големата порота поврзани со случајот за трговија со луѓе против Џефри Епштајн од 2019 година, јави „Би-би-си“.
Одлуката на судијата Ричард Берман ги поништува неговите претходни насоки материјалот да остане таен и се темели на новиот Закон за транспарентност на документите за Епштајн, кој го обврзува Министерството да ги објави документите до следната седмица.
Епштајн беше обвинет за трговија со луѓе во јули 2019 година, а еден месец подоцна почина во затвор во Њујорк додека го чекаше судењето.
Законот потпишан минатиот месец од американскиот претседател Доналд Трамп бара објавување на сите некласифицирани истражни материјали за Епштајн, вклучувајќи документи и комуникации.
Свет
Будимпешта против планот на ЕУ: Унгарија нема да учествува во распределбата на мигранти
Унгарија соопшти дека нема да го примени новиот механизам за солидарност во Европската унија и дека нема да прифати ниту еден мигрант, пренесуваат унгарските медиуми. На прес-конференција во Будимпешта, шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, повтори дека владата останува против миграциската политика на ЕУ.
Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ во понеделник го договорија механизмот што предвидува распределба на мигранти меѓу земјите членки, при што државите кои не сакаат да прифатат бегалци можат да дадат финансиски или материјални придонеси. Пактот треба да стапи во сила во јуни 2026 година.
Гуљаш изјави дека „Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт“, додавајќи дека Унијата „нема овластување да одлучува со кого треба да живеат Унгарците“. Тој потсети дека на референдумот во 2016 година мнозинството гласачи ја одбиле, како што наведе владата, присилната распределба на мигранти од страна на ЕУ, иако излезноста била недоволна за резултатите да бидат валидни.
Европскиот суд во 2024 година ја казни Унгарија со 200 милиони евра и дополнителна дневна казна од еден милион евра поради прекршување на законите на ЕУ за азил, вклучително и де факто суспендирање на приемот на барања за азил и незаконско притворање на мигранти. Комесарот за миграции на ЕУ, Магнус Бруннер, изрази жалење за ставот на Будимпешта и нагласи дека државите членки треба да ги почитуваат одлуките на Унијата.

