Свет
Предлог закон во Египет:На мажите дозволено да имаат секс со мртвата сопруга
Египетските мажи наскоро би можеле да добијат дозвола да имаат сексуален однос со своите починати сопруги – и тоа до шест часа од настапувањето на смртта, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.
Предлогот на таканаречениот „закон за проштален сексуален однос“, кој наводно има корени во исламската традиција, веќе е поднесен во Парламентот на оваа земја.
Овој контроверзен нов закон е дел од пакетот мерки кои Парламентот со исламистичко мнозинство треба да ги усвои, а меѓу останатите законски предлози во пакетот се наоѓа и оној за снижување на старосната граница за брак на 14 години, како и други со кои се намалуваат правата на жените кога станува збор за образованието и вработувањето.
Египетскиот национален совет за правата на жените поведе кампања против усвојувањето на ваквите промени, со аргумент дека „маргинализирањето на жените и поткопувањето на нивниот статус неповолно ќе се одрази врз развојот на луѓето во целата земја“.
Прашањето за сексуален однос со мртвиот сопружник првпат е покренато во мај 2011 година, кога Мароканскиот клерик Замзами Абдул Бари изнесе став дека бракот останува важечки и по смртта и дека жената има право на секс со мртвиот маж, што го пренесе и сајтот Аларабија.нет.
За оваа тема, која веднаш предизвикаа големо огорчување, почнаа да ја разгледуваат и египетските политичари, така што се појави и нацрт закон за таканаречен „проштален сексуален однос“.
Против ваквата идеја се кренаа многу истакнати египетски личности, меѓу кои и познатиот ТВ водител Џабер ал-Кармути, кој јавно прашува:
„Дали е можно телото што го составува египетскиот Устав воопшто да дискутира по ова прашање? Да ли е можно трендот на исламизацијата да стигнал толку далеку? Дали навистина постои нацрт закон во таа смисла? Дали има луѓе кои така размислуваат? Ова е многу сериозно. Ова е неверојатно“, заклучува Кармути. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.
Свет
Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт
Кремљ ги отфрли извештаите дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин по неуспешниот обид да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец. Лавров, ветеран дипломат и министер од 2004 година, разговараше на телефон со својот американски колега Марко Рубио на 20 октомври за да разговара за потенцијална средба меѓу двајцата претседатели во Будимпешта за мировни преговори во Украина.
Официјалните изјави од двете страни по повикот не сугерираа дека поминало лошо, но Трамп еден ден подоцна објави дека не сака да ја одржи средбата бидејќи тоа би било губење време. Подоцна рече дека ја откажал бидејќи не се чувствувал добро, според агенциите.
Отсуството на Лавров од клучниот состанок на рускиот совет за безбедност минатата недела и одлуката на Путин да го испрати својот заменик-шеф на кабинетот на самитот на Г20 подоцна овој месец наместо министерот ги поттикнаа шпекулациите дека Путин му е лут. Запрашан во петокот за веродостојноста на шпекулациите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли.
„Ќе ви дадам краток одговор: нема ништо вистина во овие извештаи“.
На прашањето дали Лавров ќе остане на својата функција, портпаролот додаде: „Апсолутно. Лавров е министер за надворешни работи, секако“. Објавите за расправијата меѓу двајцата политичари беа поттикнати и од некои анонимни руски канали на „Телеграм“, како и од медиумите кои се критични кон Кремљ.
Фото: принтскрин
Свет
Велика Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател и министерот за внатрешни работи
Велика Британија денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија, објави Ројтерс.
Советот за безбедност на ОН го стори истото пред средбата на Ал Шари со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот.
Во истото соопштение, британските власти изјавија дека ги укинале и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хатаб.
И двајцата претходно беа под финансиски санкции насочени против Исламска држава и Ал Каеда.
Фото: принтскрин

