Македонија
Хорор во психијатриските болници во Македонија

Состојбата во психијатриски болници во Македонија е ужасна. Ова е оценката што ја даде Хелсиншкиот комитет за човекови права, откако изврши мониторирање на работата на овие институции.
Состојбата во психијатриски болници во Македонија е ужасна. Ова е оценката што ја даде Хелсиншкиот комитет за човекови права, откако изврши мониторирање на работата на овие институции.
„ ЈЗУ Скопје“, ЈЗУ „Демир Хисар“ и ЈЗУ „ Негорци“ се трите државни болници во Македонија каде што условите се катастрофални и под човечкото достоинство “, со разочарување раскажа Тони Менкиноски, експерт во Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во трите специјални психијатриски болници се лекуваат повеќе од 2.000 лица со душевни растројства од кои 770 се долготрајно хоспитализирани, 800 се со просечна хоспитализација, 190 пациенти се со краткотрајно лекување а 530 се лекуваат во центри за ментално здравје.
Менкиноски алармираше за потребата од душеци, чаршафи и основен хигиенски прибор како и за дефицитот на медицински персонал во установите.
„Освен очајните услови во кои некои од пациентите живеат и со години, и самите права на пациентите се загрозени. Како правото на приватноста, коресподенција, правни совети и правна помош“, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.
Согласно со својот мандат македонскиот Хелсиншки комитет бара од Владата на РМ итно да се спроведе програма за деинституцијализација и истата да сепримени координирајќи ги засегнатите ресорни министерства.
Исто така, според нив неопходни, се промени на членот 58 од Законот за вонпарнична постапка во поглед на доброволната хоспитализација
„Неопходна е да се создадат похумани услови за престој и живеење.Потребен е непречен пристап до телефон, телевизија, весници како и храна по стандардите на Хасап системот“, потенцираше Менкиноски.
За шпекулациите дека некој од пациентите се врзувани со ланци во болниците, Менкиноски кажа дека не пронашле валиден доказ за тоа./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ем шуто, ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и за дефокус на јавното мислење од нивните злодела, недемократско и забегано однесување на власт“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ.
„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи.
Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници“, велат од СДСМ

„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба“, велат од СДСМ.
„Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници. Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.
Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.
Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани“, соопшти СДСМ.
Македонија
Нема активни пожари низ државата, под контрола е еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се седум пожари, извести Центарот за управување со кризи.
Како што извести ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија – планина Кожуф (приземен пожар).