Македонија
Потрошувачката кошница за јули изнесува 11.892 денари

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за јули изнесува 11.892 денари за едно четиричлено домаќинство, пресметано врз основа на цените на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за јули изнесува 11.892 денари за едно четиричлено домаќинство, пресметано врз основа на цените на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во однос на јуни потрошувачката кошница е пониска за 2,3 отсто.
Индексот на цените на мало во јули 2010, во споредба со јуни, е понизок за 0.1 отсто, индексот на трошоците на животот е понизок за 0.4 отсто, во споредба со јули минатата година индексот на цените на мало бележи пораст од 2.2 отсто, а трошоците на животот бележат пораст од 1.5 отсто.
Според податоците, намалувањето на трошоците на животот за јули 2010 година е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 16.8 отсто, јајцата за 0.6 отсто, месото за 0.5 и свежото и киселото млеко за 0.1 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот за јули е забележано кај сообраќајните средства за 1.8 отсто, облеката за 0.7 и обувките за 0.3 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во споредба со претходниот месец, е забележан кај мастите за 3.4 отсто, овошјето за 2.3 проценти, производите од жито за 1.2 отсто.
Пораст е забележан и кај лековите за 2.2 отсто, услугите за образование и развој за 2.0 отсто, нафтените деривати за 0.8 отсто, козметичките производи и средствата за образование за 0.5 отсто./крај/со/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.