Македонија
Лозарите ќе протестираат додека не им се исполнат барањата
Протестот на лозарите од Тиквешијата, кои на две места го блокираа патот од Тиквешијата кон Прилеп, трае и ќе продолжи се додека не се решат сите барања на лозарите, изјави за Макфакс еден од водачите на протестот, Љупчо Аризанов.
Протестот на лозарите од Тиквешијата, кои на две места го блокираа патот од Тиквешијата кон Прилеп, трае и ќе продолжи се додека не се решат сите барања на лозарите, изјави за Макфакс еден од водачите на протестот, Љупчо Аризанов. Лозарите од тиквешкиот регион од изутринава го блокираа патот на двата влеза во Кавадарци. Протестите ги обезбедува полицијата, но во текот на денот дошло до конфликт помеѓу демонстрантите и нервозните возачи заглавени на патот, кој бил веднаш и без последици смирен од полицијата. Според Аризанов, лозарите бараат постигнување на компромис со винарските визби за откупната цена на грозјето, кој потоа би бил заверен со печат. Ние сме присилени на овој потег, затоа што се што досега беше договорено се прекршуваше веќе наредниот ден и лозарите повеќе немаат доверба во никого“, вели Аризанов. Лозарите, исто така, бараат да се исплати и заостанатиот долг од минатогодишниот откуп. Тие инсистираат од сега цената на грозјето да се формира без да се земаат предвид шеќерните единици на продаденото грозје затоа што, како што тврди Аризанов, винарските визби правеле огромни манипулации со бројот на шеќерните единици. Поранешниот претседател на федерацијата на фармерите, Ѓоко Данаилов ги поддржува како целосно оправдани сите барање на лозарите и истакнува дека за цена од пет или шест денари за килограм грозје нема логика воопшто да се разговара. Тој посочува и на едно, како што вели, флагрантно кршење на Законот за земјоделство на РМ од винарските визби, со тоа што за откупеното грозје не се потпишуваат прецизни договори, туку се издаваат само белешки. „Тоа ги остава лозарите сосема незаштитени, бидејќи белешките не содржат никакви информации, ниту за цената ниту за количеството предадено грозје. Тоа им овозможува на визбите дури и да кажат дека одреден лозар воопшто и не го предал грозјето или дека ќе го платат два денари“, вели Данаилов. Данаилов посочува дека ова не е нов проблем и дека истото се повторува секоја година. Затоа, предлага Данаилов, потребна е подготовка на прецизна стратегија за иднината на лозарството во Македонија. Таквата стратегија, смета тој, би дала точна слика за тоа колку, но и какво грозје и е потребно на државата, затоа што е очигледно дека винарските визби немаат капацитет ниту да го откупат, ниту, пак, да го пласираат откупеното и преработено грозје. Таквата стратегија, предлага Данаилов, би предвидувала и промена не само на количината на произведено грозје, туку и на асортиманот на грозјето кое во иднина би се одгледувало во земјава. /крај/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

