Македонија
СДСМ загрижени за состојбата во меѓуетничките односи
Загриженост од моменталната состојба во меѓуетничките односи денеска изразија од опозиционата СДСМ, додавајќи дека севкупната политичка состојба потсетува на ситуацијата од 2001-ва година.
Загриженост од моменталната состојба во меѓуетничките односи денеска изразија од опозиционата СДСМ, додавајќи дека севкупната политичка состојба потсетува на ситуацијата од 2001-ва година. „Приказната дека во Македонија се е под контрола, дека во Македонија ништо необично не се случува, приказната дека меѓуетничките односи се релаксирани, што ја слушаме деновиве од Груевски и претставници на Владата е истата приказна што ја слушавме во почетокот на 2001-ва година од страна на Љубчо Георгиевски. Се надеваме дека се друго е различно освен тоа што Никола Груевски во оваа фаза и по овие прашања е ист како Љубчо Георгиевски и затоа не може да се повтори конфликт од типот што го имавме во 2001-ва година“, вели висок партиски извор од СДСМ, додавајќи дека меѓуетничките односи не дозволуваат импровизации. Според нив, ваквата состојба е последица на неколку проекти со моноетнички и монорелигиски карактер, како „Скопје 2014“, изградбата на Црква на плоштад, воведувањето на македонскиот јазик во прво одделение од основното образование на немнозинските заедници и друго. Од опозиционата партија ги осудуваат сите инциденти ситуации од последниот период, како што се појавата на складиштата со оружје, појавата на вооружени групи, како и соопштенијата на т.н. ОНА и изразија целосна поддршка за дејствувањето на Министерството за внатрешни работи. Од СДСМ најавуваат дека би ги искористиле сите демократски средства против власта доколку стане јасно дека нема да има напредок во однос на решавањето на спорот со името и добивањето на датум за старт на пристапните преговори со Европската Унија. СДСМ исто така негира дека имало тајни средби на опозицијата на лидерско ниво, со цел рушење на Владата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

