Свет
Кина стана најголем пазар за инвестиции во недвижности
Кина во изминатата година стана најатрактивен пазар за инвестирање во недвижности, преземајќи го приматот од САД.
Кина во изминатата година стана најатрактивен пазар за инвестирање во недвижности, преземајќи го приматот од САД.
Инвестициите во недвижности во Кина во 2009 година достигнале 156,2 милијарди долари, што е повеќе од двојно во споредба со 2008 година.
Истовремено инвестициите е во недвижен имот во САД изнесувале 38,3 милијарди долари, што е пад за 64 отсто во споредба со претходната година.
Аналитичарите предвидуваат дека растечкиот тренд на инвестирање во недвижнини во Кина да продолжи, поради економскиот раст и ниската зависност од задолжување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Склучен договор во Сирија: Бунтовниците се приклучуваат на Министерството за одбрана
Новиот сириски лидер Ахмед ал Шар денеска постигна договор со водачите на бунтовничките фракции за нивно распуштање и инкорпорирање во Министерството за одбрана, се вели во соопштението на новата администрација во Дамаск
Премиерот Мохамед ал-Башир минатата недела изјави дека Министерството за одбрана ќе биде реструктуирано и ќе биде составено од поранешни бунтовнички фракции и офицери кои пребегнале од армијата на Башар ал Асад.
Според Ројтерс, главната задача на Ал Шар ќе биде да се обиде да избегне конфликти меѓу овие групи.
Новата сириска администрација го назначи Мурхаф Абу Касра, водечка фигура во бунтот со кој беше соборен претседателот Башар ал Асад, за министер за одбрана во преодната влада.
Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на повеќе од 13 години граѓанска војна, а Ал Асад побегна во Русија со своето семејство.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Кипар
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Кипар, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар западно од градот Пафос или 88 километри западно од Лимасол.
Свет
Годинава во Саудиска Арабија погубени 330 осуденици
Саудиска Арабија егзекутирала 330 осуденици оваа година, што е најголем број регистриран во изминатите неколку децении, и покрај тврдењата во 2022 година на престолонаследникот и де факто лидер Мохамед бин Салман дека смртната казна е укината, освен за убијците.
Саудиска Арабија троши милијарди долари за да го промени имиџот на земјата со строги религиозни ограничувања и кршење на човековите права, пишува Ројтерс.
Најновата статистика за бројот на егзекуции, составена од невладината организација за човекови права Reprieve и потврдена од Ројтерс, укажува на голем скок од 172 егзекуции минатата година и 196 во 2022 година.
Саудиска Арабија ги негира обвинувањата за кршење на човековите права и тврди дека смртните казни се изречени за да се заштити националната безбедност, иако повеќе од 150 луѓе се егзекутирани оваа година за несмртоносни злосторства.
Смртните казни најмногу се извршуваат за шверц на дрога, поради напливот на големи количества наркотици слични на амфетамин од Сирија. Покрај тоа, поединци обвинети за „несмртоносен тероризам“, исто така беа егзекутирани, обвинение за кое групите за човекови права велат дека често се користи против учесниците на антивладините протести.
Во интервју за списанието Атлантик во 2022 година, престолонаследникот рече дека Саудиска Арабија ја укинала смртната казна, освен во случаите на убиство, што не може да се откаже, бидејќи убиството е казниво со смрт според Куранот.
Групите за човекови права ја обвинија Саудиска Арабија дека осудува малолетници на смрт и користи тортура за извлекување признанија.
Саудиска Арабија со децении организираше егзекуции со обезглавување со меч на градскиот плоштад, но сега таму има кафулиња и ресторани и смртните казни се извршуваат без присуство на јавноста.