Македонија
Љубе пред пресуда
Во Основниот суд 1 во Скопје денеска требаше да се сослуша заштитениот сведок во случајот против Љубе Бошкоски лидер на партијата Обединети за Македонија кој одговара за незаконски пари за изборна кампања.
Во Основниот суд 1 во Скопје денеска требаше да се сослуша заштитениот сведок во случајот против Љубе Бошкоски лидер на партијата Обединети за Македонија кој одговара за незаконски пари за изборна кампања. Судењето е затворено за јавност бидејќи во судницата се презентираат докази кои се обезбедени со посебни истражни мерки. Иако беше предвидено денеска да се сослушува заштитениот сведок, тој не се појавил во судницата. Според неофицијални информации полицијата требало да го обезбеди сведокот, но бидејки не успеала на судењето бил прочитан неговиот исказ даден во текот на истражната постапка. Како што се дознава од извори од судот сведокот бил во странство. По презентирањето и на овој доказ заврши доказната постапка. За десетина дена спротивставените страни ќе ги изнесат своите завршни зборови, по што ќе биде соопштена и пресудата. Додека траеше судскиот процес пред судот со знаме од партијата протестираа мала група приврзаници на Бошкоски. На Бошкоски му се суди дека зел и не пријавил 100 000 евра пари во кеш со кој требало да се финансира изборната кампања на последните парламентарни избори. крај/км.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

