Економија
Главниот берзански индекс во зелено

На Македонската берза АД Скопје, во средата, се оствари промет од 7,478,034,88 денари од 54 реализирани трансакции.
На Македонската берза АД Скопје, во средата, се оствари промет од 7,478,034,88 денари од 54 реализирани трансакции. Најголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар од 5,553,469,88 денари од 41 реализирана трансакција, додека остатокот од 1,924,565,00 денари од 13 трансакции се оствари на Редовниот пазар.Главниот берзански индекс забележа пораст на својата вредност од 15,16 поени или 0,65 проценти и оствари пазарна вредност од 2,356,09 поени, додека индексите на јавно поседувани друштва и обврзниците забележаа пад на своите вредности од кој МБИД индексот падна за 0,14 проценти или 3,74 поени, а индексот на ОМБ падна за 0,22 проценти и 0,24 поени.Први по својот промет на Официјалниот пазар беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со остварени 4,598,609,00 денари промет, што се реализира од 20 трансакции, и истргувани 1,483 количина по просечна цена од 3,100,00 денари од акција.
Втора по својот промет беше акцијата на Алкалоид Скопје со реализирани 389,450,00 денари промет од 5 реализирани трансакции и при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,894,50 денари, а со нив се истргуваа 100 количина.
Трета по својот промет на овој пазар беше и акцијата на Макпетрол Скопје со остварени 190,800,00 денари промет кои се тргуваа по просечна цена од 27,257,14 денари од акција и при тоа со нив се истргуваа седум обични акции.
На Редовниот пазар за хартии најмногу се тргуваше со акциите на ЗТД Сточарство Богданци со кои се истргуваа 975,500,00 денари што се тргуваа по цена од 3,100,00 денари од акција и при тоа со нив се истргуваа 315 количина на обични акции. Втори по својот промет од тргување беше и акцијата на Македонски Телеком Скопје со остварени 640,350,00 денари кој се оствари од 4 трансакции и при тоа со нив се истргуваа 1,522 количина по просечна цена од 420,73 денари од акција.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка Скопје2. ЗТД Сточарство Богданци3. Македонски Телеком Скопје 4. Алкалоид Скопје5. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Макпетрол Скопје 2,49%2. Р. Македонија обврзници од денационализација 09 1,28%3. РЖ Услуги Скопје 1,20%4. Алкалоид Скопје 1,19%5. Топлификација Скопје 1,09%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Интертаншпед Скопје 16,67%2. ЕМО Охрид 2,44%3. Македонија Турист 1,27 %4. Македонски телеком Скопје 1,18%5. Р. Македонија девизни влогови 1,04%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Славески – Прескер: потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж.
Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите.
Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, додека амбасадорот Прескер ги нагласи долгогодишните добри дипломатски и економски врски помеѓу двете економии, особено во финансискиот сектор каде што активно се вклучени голем број реномирани словенечки компании.
Во однос на финансискиот сектор, Славески се осврна на заложбите на Народната банка за намалување на надоместоците на банкарските услуги, заради обезбедување подостапни финансиски услуги за сите економски субјекти. Прескер искажа задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку центарот за обуки ЦЕФ.
Средбата претставува можност за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји и унапредување на соработката.
Економија
Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година.
Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за печатот објасни дека со новата одлука се олеснува кредитирањето за купување или градење прво живеалиште, односно стан или куќа наменети за сопствено живеење. Но, имајќи ги предвид условите на пазарот на недвижности, особено во главниот град, што водат кон забрзан раст на цените на становите, поради што стануваат недостапни за помладите генерации, се врши и затегнување на условите за користење кредит за станбен објект којшто не претставува примарно живеалиште за кредитобарателите.
„За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента.“
Имено, олеснувањето при купување прв стан се однесува на лицата коишто навистина немаат стан или куќа на свое име и планираат да купат или да изградат дом за сопствено живеење, за што треба да исполнат одредени критериуми, а се воспоставуваат соодветни механизми за проверка и следење, коишто се детално образложени во Одлуката.
„Промените во макропрудентните мерки имаат превентивен карактер и нивната цел е да нѐ заштитат сите нас од прекумерна задолженост, што може да се одрази понатаму на способноста за редовно отплаќање на обврските, како и на вкупната стабилност на финансискиот систем. Истовремено, со овие промени внимаваме да не „ги погодиме“ оние лица кои имаат потреба да го решат своето животно, станбено прашање, овозможувајќи им поповолни критериуми и полесен пристап до кредити, во однос на останатите корисници на кредити“, посочи гувернерот Славески.
Со ваквиот пристап, Народната банка се усогласува со практиката на голем број други централни банки во светот.
Економија
Трипуновски од Прилеп: Заложбата е на нашите полици да се продаваат македонски преработки од земјоделски производи

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, присуствуваше на манифестацијата организирана од Slow Food – Прилеп, која се реализираше со поддршка на Министерството.
„Интенцијата и заложбата на Министерството е преку финансирање на ваков вид настани да се промовираат домашните преработки на земјоделски производи, да се развие локалниот туризам и да се поддржат здруженијата кои постојат на ниво на државата”, истакна министерот Трипуновски.
Министерот објави дека финансиската поддршка кон сите здруженија е зголемена на 200.000 денари по корисник.
„Сточарите на овој настан можат да ги промовираат своите преработки. Кога зборуваме за сточарството, изминативе 15 месеци покажавме дека земјоделството е во фокусот на приоритетите и работењето на Владата”, додаде тој.
Министерот Трипуновски истакна дека оваа година поддршката за македонските сточари од Програмата за финансиска поддршка е зголемена за околу 50%.
„Сакаме на нашите полици да се продава македонско млеко и македонски преработки од земјоделски производи”, појасни министерот.