Свет
САД му честитаа на Карзаи за реизборот
Вашингтон ја поздрави одлуката на авганистанската изборна комисија за го откаже вториот круг од претседателските избори и му честитаа на досегашниот претседател Хамид Карзаи на повторниот избор
„Му честитаме на претседателот Карзаи на неговата победа на овие историски избори и нестрпливо ја очекуваме соработката со него, со неговата нова влада, авганистанскиот народ и нашите пријатели во меѓународната заедница, за да го поддржиме напредокот на Авганистан на патот на институционалните реформи, безбедноста и напредокот“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Кабул, издадено преку интернет-страницата.Во истото му се оддава признание и на претседателскиот кандидат Абдулах Абдулах, поранешен министер за надворешни работи во владата на Хамид Карзаи, како и на другите претседателски кандидати, како што се наведува – за напорите за јакнење на демократската иднина на Авганистан. Независната изборна комисија го прогласи Карзаи за победник на претседателските избори одржани на 20 август и го откажа одржувањето на вториот изборен круг откако Абдулах се откажа во саботата под изговор дека се сомнева во легитимноста на изборите. Како што констатираа и меѓународните набљудувачи, првиот круг од изборите го карактеризираа лажирањата, по што Абдулах побара сменување на целата изборна комисија пред одржувањето ан вториот изборен круг. Претходно, како претседател, Карзаи ги именуваше сите седум членови на Независната изборна комисија (IEC) па сега го одби барањето да ги менува нејзините членови. Белата куќа и претходно сугерираше можност од некакво премолчно договарање за поделба на власта меѓу Карази и Абдулах, што беше одбиено од страна на актуелниот претседател. „Предвидениот втор круг на изборите треба да го даде легимитетот на целиот изборен процес и на неговиот очекуван победник Карзаи. Со повлекувањето на Абдулах и прогласувањето на Карзаи за победник, се проблематизира оправданоста на авганистанската влада како долгорочен партнер на САД“, смета Роберт Мекмахон, аналитичар на Советот за меѓународни односи за од Вашингтон.New York Times анализира дека откако Белата куќа сепак го прифатила Карзаи за изборен победник, претседателот Барак Обама, се соочува со нови проблеми – да има за сојузник личност чиј избор е оспоруван, што според некои американски аналитичари го доведува во прашање кредибилитетот на осумгодишниот американски воен ангажман во Авганистан. Меѓутоа, во американските медиуми се потсетува дека завршувањето на изборите во Авганистан е условот за донесување на одлуката да се испратат дополнителни 40 илјади војници, што ги бараше командантот на мисијата на НАТО, американскиот генерал Стенли Меккристал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Трагедија: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила в река во Албанија
Полицијата во Албанија соопшти дека мајка со три деца се фрлила во реката Бојана и дека нејзиниот маж е уапсен. Полицијата го уапсила Ергис Арази (31) поради насилство врз сопругата Алма Арази (39), која наводно се самоубила со трите деца. Децата беа на возраст од девет, шест и четири години, пишува Блиц, кој пренесува на порталот Euronews.al.
View this post on Instagram
По трагичниот настан, рибар го пронашол телото на 9-годишната ќерка, а надлежните се уште трагаат по телата на мајката и уште двете деца кои исчезнаа пред три дена. Полицијата наведува дека постои сомневање дека мајката го напуштила станот со децата бидејќи сопругот ги малтретирал. Тој додава дека Арази (31) и претходно бил осуден за обвиненија поврзани со дрога.
Свет
Нетанјаху: Запирањето на војната во Газа сега ќе го задржи Хамас на власт
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно ги отфрли барањата на Хамас за прекин на војната во Газа во замена за ослободување на заложниците, велејќи дека тоа ќе ја задржи палестинската исламистичка група на власт и ќе претставува закана за Израел.
Нетанјаху рече дека Израел е подготвен да ги прекине борбите во Газа за да обезбеди ослободување на заложниците кои сè уште ги држи Хамас, за кои се верува дека ги има повеќе од 130.
„Но, кога Израел покажа подготвеност, Хамас остана вкоренет во своите екстремни позиции, чие прво барање е да ги повлече сите наши сили од Појасот Газа, да стави крај на војната и да го остави Хамас на власт“, рече Нетанјаху. „Израел не може да го прифати тоа“.
„Хамас може да го исполни своето ветување дека ќе ги извршува своите масакри, силувања и киднапирања повторно и повторно“, додаде тој.
Преговорите за прекин на огнот со египетските и катарските посредници продолжија во неделата во Каиро, без очигледен напредок бидејќи исламистичката група остана на своето барање дека каков било договор мора да стави крај на војната во Газа, изјавија палестинските власти.
Палестински претставник близок до разговорите рече дека делегацијата на Хамас пристигнала во Каиро решена да постигне договор „но не по секоја цена“. „Договорот мора да стави крај на војната и да обезбеди повлекување на израелските сили од Газа, а Израел сè уште не се обврзал на тоа“, изјави претставникот за Ројтерс, барајќи да остане анонимен.
Свет
Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв
Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град Малме, годинава е во сенка на војната во Газа. Посебно за одбележување е учеството на Израел на речиси 70 години старото натпреварување, на кое годинава учествуваат 37 земји, а завршува со финалето на 11 мај.
Жителот на Малме, Андерс Пухел, изјави за АФП дека ќе учествува на протестот на 9 мај, кога Израел ќе се натпреварува во полуфиналето. „За време на војната, учеството на Израел треба да биде забрането на ист начин како што ја забранија Русија“, рече Пухел.
Во 2022 година, руските радиодифузери беа исклучени од Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира натпреварот, по инвазијата на Москва врз Украина. „Пораката беше дека не ни се допаѓаат луѓето кои не се придржуваат до демократските стандарди“, рече антропологот и евровизиски специјалист Лизан Вилкен.
Од почетокот на годината беа покренати неколку петиции со кои се бара исфрлање на Израел од натпреварувањето. Директни закани добија и Еден Голан, пејачот кој го претставува Израел, што ЕБУ брзо ги осуди.
„Иако силно ја поддржуваме слободата на говорот и правото на изразување мислења во едно демократско општество, ние силно се спротивставуваме на каква било форма на онлајн злоупотреба, говор на омраза или вознемирување насочена кон нашите уметници или кои било поединци поврзани со натпреварот“, велат организаторите.
Во арената Малме, организаторите ги забранија сите знамиња, освен за земјите-учеснички и знамињата на виножитото, што е старо правило на ЕБУ. „Сигурен сум дека некој ќе успее да донесе палестинско знаме и да го развее, но помалку е сигурно дали тоа ќе се види на телевизија“, рече Пухел.
Илјадници луѓе се очекува да присуствуваат на пропалестинските митинзи во текот на целата недела во градот украсен со разнобојни знамиња. „Никогаш не мислев дека ќе станеме таков политички настан на светската сцена“, рече Карин Карлсон, која беше повикана од градот Малме да го координира музичкиот натпревар.
Со повеќе од 360.000 жители и 186 националности, „целиот свет живее во Малме и сите конфликти се собрани на многу мала област, што создава раздор“, изјави за АФП Андреас Онерфорс, професор по историја на идеи и специјалист за Евровизија.
Мнозинството шведски жители со палестинско потекло, исто така, живеат во пристанишниот град, трет по големина во земјата, кој очекува приближно 100.000 посетители. Безбедноста предизвикува голема загриженост, особено откако Шведска минатата година го крена алармот од закана од тероризам на второ највисоко ниво, по серијата протести во кои беше запален и оштетен Куранот.
Зголемен е бројот на безбедносни проверки, особено кога се влегува во различни места, каде торбите генерално ќе бидат забранети. Зголемено е и присуството на полицијата, пристигнувањето на засилувања од Норвешка и Данска, а полицајците ќе бидат посилно вооружени од вообичаено во текот на неделата.
„Се чини дека е безбедно“, рече Еба Адиелсон, извршен продуцент на настанот за шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ, кој ја организира Евросонгот заедно со ЕБУ. „Полицијата е исклучително активна и одвои многу ресурси“ за да го заштити настанот, додаде Адиелсон.
Протестите ќе бидат строго контролирани, а како мерка на претпазливост, затворските ќелии се испразнети, а затворениците се испратени на други места во Шведска за да направат простор во случај на зголемување на апсењата.
„Евровизија, можете да ја видите низ градот и за неа многу се зборува. За жал, фокусот заврши на други работи наместо на музичкото натпреварување и радоста“, се пожали фан на АББА, Андерс Персон.
Оваа година се одбележуваат 50 години од победата на шведската поп група на натпреварот со песната Ватерло, која го отвори патот на АББА кон светската слава. Неколку шведски уметници кои требаше да учествуваат на споредните свечености се повлекоа, навестувајќи ја контроверзноста околу натпреварот.
Свеченостите ќе продолжат да се одржуваат, но на помирен начин. „Малме е град за забави, најтажно е што можеби помалку жители на Малме ќе учествуваат“, рече Карлсон. ЕБУ го усвои слоганот „Обединети од музиката“, позајмен од натпреварот во 2023 година, кој беше организиран во Обединетото Кралство затоа што воено разурната Украина, победничката на натпреварот во 2022 година, не можеше да биде домаќин.
„Ливерпул беше огромна забава минатата година, тоа беше прослава фрлена во лицето на Путин“, рече Вилкен, мислејќи на рускиот претседател кој ја започна инвазијата на Украина во 2022 година, а сега настанот е „обележан“ од ситуацијата во Газа.
Друг жител на Малме, Јаир Елснер, исто така организира митинг на 9 мај, но за да го прослави учеството на Израел. „Ќе бидеме таму со шведски и израелски знамиња“, изјави тој за АФП, додавајќи дека тие имаат намера да покажат „нешто позитивно“.
Елснер, член на малата еврејска заедница во Малме, рече дека не забележал никакви промени во ставовите кон него од почетокот на војната, но призна дека постои распространето чувство на „несигурност“.