Македонија
Милошоски: Напредокот во спорот за името зависи од Македонија и Грција

Напредокот во спорот за името зависи од ангажманот на Македонија и на Грција.
Ова денеска го изјави Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, додавајќи дека Република Македонија го дава својот максимум, но укажа на тоа дека Грција во изминативе 18 години нема покажано никаков сигнал што може да доведе до компромис и кој би бил прифатлив и за двете страни.
Што би можеле да очекуваме од Нимиц, зависи од него, рече Милошоски, додавајќи дека тоа е во негова надлежност и компетенција и во негова надлежност е какви мерки би можело да бидат употребени да се даде некој придонес во овој спор.
„Во Кордоба на министерскиот состанок што го организираше шпанското претседателство комесарот Фуле ме извести за неговиот интерес и за воспоставувањето на контакти со Нимиц. Немаме ништо против. Сметаме дека дополнителното информирање на врвните членови на Европската комисија во однос на овој билатерален спор што Грција го злоупотребува во контекст на европските интеграции во Македонија може да има само корист“, истакна министерот Милошоски, во врска со минатонеделниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во Кордоба.
Тој посочи дека ваквиот интерес е добар за Република Македонија, бидејќи како што рече Република Македонија нема што да крие во врска со овој спор.
Шефот на македонската дипломатија нагласи дека Македонија има конструктивен пристап за решавање на грчко-македонскиот спор, а истакна дека тоа може да биде посведочено и од посредникот Нимиц. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.