Македонија
Нови референтни цени за лековите од први мај
Новите референтни цени за лековите од позитивната листа стартуваат од први мај.
Новите референтни цени за лековите од позитивната листа стартуваат од први мај.
Вкупно 383 генерики, или 990 лекови се со нови референтни цени, од кои 209 ќе бидат без доплата, а 171 со доплата.
“Согласно новите договори со матичните лекари и со останатите јавни здравствени установи, како и со аптеките, сите тие при препишувањето на лекови на рецепт имаат обврска да ги информираат пациентите за генерики односно лекови без доплата за потоа да може пациентите да одлучат кој лек ќе го прифатат“, изјави Маја Парнаџиева-Змејковска, директор на Фондот за здравство
За поголем дел од лековите или за 45 проценти ќе се плаќа минимална доплата до 50 денари, од 50 – 100 денари доплата ќе има за 18 отсто од лековите, за 27 отсто ќе се плаќа од 100 до 500 денари и за околу 4 отсто ќе се плаќа од 500 до 1000 денари./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

