Свет
Во Британија и 29-ти смртен случај од свинскиот грип
Во понеделникот бројката починати од новиот тип вирус изнесуваше 17, а до четвртокот таа се искачи на 29 лица, соопшти британското Министерство за здравство. Од тоа 26 случаи се во Англија и три во Шкотска. За зимово се прогнозираат застрашувачки бројки
Зголемувањата на смртните случаи британскиот Национален центар за здравство го толкува со тоа што минатиот викенд бројката на потврдени и сомнителни случаи на заразување со новиот тип вирус А(H1N1) се зголеми, а забележана е бројка од 55 илјади повици за консултации и барање медицинска помош. Претставници на британската влада алармантно предупредуваат дека бројката на починати од свинскиот грип оваа зима може да се движи од 19 до 65 илјади. Лекарите сметаат дека такво нешто не може точно да се предвиди, но дека со ваквите бројки се можни доколку со грипот бидат заразени една третина од британското население. Од Светската здравствена организација исто така предупредуваат на застрашувачки бројки од пандемијата на новиот тип свински вирус на зима во сезоната на грипот, па сметаат дека сега е бесмислено да се забележува секој нов случај. Во Националниот центар за грип кој е отворен за повици и интервенции сега имало четирипати повеќе повици отколку што се предвидувало за зимскиот период. Последниве десетина дена во Британија е двојно зголемена и бројката на хоспитализирани лица на 652, од кои 53 се критични случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

