Македонија
ИНФО- Кратки најави за среда (15.09.2010)

Скопје: Прва седница на економско-социјалниот совет
Во Министерството за труд и социјална политика денеска ќе се одржи првата седница на економско-социјалниот совет.
Скопје: Прва седница на економско-социјалниот советВо Министерството за труд и социјална политика денеска ќе се одржи првата седница на економско-социјалниот совет. Со седницата ќе претседава претседателот на Советот, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами.Економско-социјалниот совет беше формиран на 25 август. Во него членуваат претставници на власта, синдикатите и работодавачите. Целта на ова тело е да понуди реална помош и поддршка за проблемите и предизвиците на работниците и на стопанството./макфакс/ Скопје : Можност за оперирање на мобилен виртуелен мрежен оператор.Министерството за транспорт и врски, ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати министерот Миле Јанакиески. Тема на прес конференцијата ќе биде отворањето на можноста за оперирање на мобилен виртуелен мрежен оператор. ./макфакс/Скопје: Наумовски на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУЗаменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Васко Наумовски ќе одржи работен појадок во 10.30 часот со амбасадорите на земјите членки на Европската унија. Работниот појадок ќе се одржи во ресторанот „Стара Куќа“ (Пајко Маало бр.14, спроти МНТ). ./макфакс/Скопје : Денови на руската духовна култура во МакедонијаДржавниот секретар во Министерството за култура Дарко Стефановски и аташето за култура во Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Александар Алексеев утре (15 септември) со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура ќе одржат прес-конференција.Поводот за прес-конференцијата се „Деновите на руската духовна култура“, кои од 15 до 17 септември ќе се одржат во Скопје. /макфакс/
Скопје: Сончево време со мала локална облачност
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Температурата во Македонија ќе се движи од 19 до 30 степени Целзиусови.Во Скопје температура до 28 степени. //ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот.
Затрупувањето продолжува и утре, најавува Ангелов, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.
Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.