Македонија
Груевски лобира кај Бузек

Македонскиот премиер Никола Груевски упати писмо до претседателот на Европскиот Парламент, Јиржи Бузек, во кое побара натамошна поддршка .
Македонскиот премиер Никола Груевски упати писмо до претседателот на Европскиот Парламент, Јиржи Бузек, во кое побара натамошна поддршка .
„Jа користам оваа прилика да упатам молба за поддршка од Вас и Европскиот Парламент во остварувањето на клучните непосредни евро-интеграциски цели на Република Македонија – почетокот на пристапните преговори и либерализацијата на визниот режим со ЕУ“ се вели во писмото.
Притоа премиерот Груевски изрази увереност дека Европскиот совет во декември оваа година ќе донесе одлука за фактички почеток на пристапните преговори, кои би стартувале идната година.
„Високо ја ценам досегашната континуирана поддршка и активен придонес на Европскиот Парламент на севкупните напори на Македонија во процесот на нејзино евроинтегрирање, кои убеден сум, ќе продолжат и во иднина во духот на воспоставеното партнерство и взаемна соработка“, вели Груевски
Воедно Груевски ја истакна и цврстата определба и посветеност на македонската Влада, за целосна и доследна реализација на стандардите и критериумите за пристапување во ЕУ и натамошно продолжување со реформските процеси во сите сегменти од општественото живеење. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.