Македонија
Тркалезна маса за дополнување на законот за заштита на природата

Тркалезна маса по повод разгледување на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата, се одржа денеска на која присуствуваа Министерот за животна средина и просторно планирање Неаџат Јакупи.
Тркалезна маса по повод разгледување на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата, се одржа денеска на која присуствуваа Министерот за животна средина и просторно планирање Неаџат Јакупи.
Предлог – законот би требало да се донесе наредната недела на седница во собранието, а тој содржи измени на триесетина члена.
„Со овие измени на законот, се потенцираат заштитените подрачја и се отвораат нови и се воведува подрачјето на дивина. Измените за Македонија претставуваат чекор повеќе, за запознавање на јавноста во однос на природните богатства, грижата, заштитата на тие богатства и односот на јавните претпријатија и приватниот сектор кон природата“, изјави Министерот за животна средина и просторно планирање Неџат Јакупи.
Во измените од законот за заштита на природата кој предвидува санкции доколку истиот не се почитува следуваат и прекршочни и кривични санкции.
„Денешните чекори ќе ни овозможат 20, 50, 100 години од сега да имаме заштитени видови и хабитати во државата кои се од глобално значење и даваат придонесе за заштитата на биодиверзитетот.“ изјави Ан Мари Али, заменик постојан претставник на УНДП во Македонија.
Поентата на проектот е тој да се усогласи со директивите на ЕУ, како и со стандардите на Светската организација на заштита на природата.
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е агенцијата која му дава поддршка на имплементацијата на овој проект, а донатор е глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). Проектот започнал во јануари 2008 година а ќе трае до декември 2010 година.
Моментално во Македонија 116 видови на птици од анекс 1 директивата на ЕУ за заштита на дивите птици се присутни на редовна или повремена база на загрозени животни./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.