Свет
Бузек: САД воопшто не ја поддржуваат борбата против климатските промени
Претседателот на Европскиот парламент кој е во официјална посета на САД на отоврањето на канцеларијата за врски на ЕП во американската престолнина, го критикуваше Вашингтон затоа што според него воопшто не ја поддржува борбата против клиамтските промени
САД се најголемите загадувачи на атмосферата на планетава, покрај Кина, а администрацијата на претседателот Барак Обама од почетокот на неговиот мандат во јануари 2009 г. најавува донесување закон за намалување на емисијата гасови кој го предизвикуваат ефектот на стакелната градина, а кој се уште нема ниту приближна поддршка во американскиот Конгрес.На заедничката прес-конференција со американската државан секретарка Хилари Клинтон, претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек соопштил дека сака на да ги нагласи разликите во пристапот меѓу америакнските и европските граѓани во однос на две значајни прашања: клиамтските промени и глобалната безбедност.„Кај прашањето за клиамтските промени, понекогаш во Европската Унија велиме дека Американците тоаа воопшто не го поддржуваат. А ние радо би ај спасиел нашата планета, бидејќи добро знаеме што се случува во бангладеш и на осумте илајди острови во Тихиот Океан“, изјавик Бузек алудирајќи на згоелмувањето ан нивното на океаните предизвикано од глобалното затоплување. „Се согласуваме дека имаме ралзичен пристап, но мораме подлабоко да анализираме затоа што разликата е многу голема. Можеби ние не сме во право, можеби вие не сте“, го цитираат американските медиуми претседателот на европарламентот, На прашањето за глoбалнатa светска безбедност, пак, Бузек изјавил дек ЕУ и САД имаат исти намери но различен прустап, па затоа и немаат толку добра соработка. „Вие Американците често велите; вие Европејците воопшто не помагате, Вие не настапувате заедно со нас“, рекол Бузек.Американската државана секретарка Клинтон претходно изнеал повеќе пофалби на смета на трансатлантската соработка на САД и ЕУ, јакнењето на улогата на Европскиот парламент поо стапување на сила на Лисабонскиот договор, јакнење на соработката мешу европарламентот и американскиот Конгрес, како и други прашања со кои Бусек се солгасил. Американските новианри инсистирале и Клинтон да прокоментира за накои сосотјби во однос на ЕУ, при што државната секретарка рекла дека САД и ЕУ имаат исти цели кога станува збор за климатските промени и голбанлната безбедност, како и за глобалното финансиско опоравување, но не секогаш истот чекор го гледаат и на сист начин, што наложува да се продолжи нивната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

