Контакт

Вести

Во Ватикан се одржа израелско-палестинската 'молтивена' средба

Објавено пред

Израелско-палестинската „молитвена” средба заврши во неделата навечер со свечена церемонија Ватиканските градини, каде маслинови дрва на мирот засадија израелскиот претседател Шимон Перес, неговиот палестински колега Махмуд Абаз, папата Франциск кој воедно беше и иницијатор и домаќин на оваа средба без преседан, како и Константинополскиот патријарх Вартоломеј.

dobivaj vesti na viber

По молитвите на свештениците од трите религии, се обратија главните учесници на римската средба, папата и двајцата претседатели. Папата Франциск изјави, меѓу другото дека „за градењето на мирот потребно е повеќе храброст, отколку за започнување војна”. Покрај тоа, поглаварот на римокатоличката црква повика на обновување на мировниот процес во Светата земја, изразувајќи надеж за „возобновување на христијанското единство”.

„Потребна е храброст за да се каже ‘да’ за преговорите и ‘не’ за непријателствата, ‘да’ за почитување на договорите и ‘не’ за провокациите, ‘да’ за искреноста а ‘не’ за дволичноста”, рече папата Франциск.

Папата претходно на Перес и Абаз им ги пренесе своите желби да одговорат на тежнеењата на своите народи за мир на Блискиот исток, како и да „изнајдат сили за дијалог”.

„Барањето мир е врвна одговорност пред нашата совест и нашите народи. Ова беше средба која одговара на желбите на сите оние коишто тежнеат кон мир и сонуваат за свет во кој мажите и жените можат да живеат како браќа и сестри, а не повеќе како противници и непријатели. Светот е наследство коешто го добивме од нашите предци, но и дар за нашите деца, децата кои се заморени и исцрпени од судирите и сакаа да осамне утрото во кое ќе дојде мирот. Премногу синови паднаа, невини жртви на војната и насилствата…, нашата задача е нивната жртва да не биде попуста”, изјави Папата.

Една од желбите на папата со оваа средба беше да покаже дека трите монотеистички религии имаат заеднички корени и мораат заедно да дејствуваат во полза на мирот, оценуваат во понеделникот светските медиуми.

Израелскиот претседател Шимон Перес, кој има 90 години и следниот месец му престанува мандатот, од Ватикан ги повика Палестинците и Израелците на „мир меѓу еднаквите”, нагласувајќи дека „нашата мисија е да им донесеме мир на нашите деца”. „Можеме, заедно и сега, Израелците и Палестинците, да ја претвориме нашата возвишена визија во стварноста на благосостојба и напредок. Во наша моќ е да им го донесеме мирот на нашите деца. Тоа е нашата задача, нашата света мисија на родители”, изјави Перес, кој инаку е добитник на Нобеловата награда за мир.

Палестинскиот претседател Махмуд Абаз упати молитва за „сеопфатен мир во нашата земја и регион, така што нашите народи и народите на Блискиот исток и во целиот свет ќе можат да уживаат во плодовите на мирот, стабилноста и соживотот. Сакаме мир за себе и за нашите соседи”, рече.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е клучниот израелски политичар, на ниеден начихн не беше поврзан со молитвата за мир, но во својата изјава во неделата навечер во полициската база во близина на Ерусалим изјави дека молитвата не е замена за безбедноста.

Молитвата за мир започна во 19 часот по локално време, и заедно со кусите обичаи, траеше околу два часа, а беше триделна – хебрејска, христијанска и муслиманска. На неа се придружија и свештеници од двете христијански конфесии, имами, рабини и верници. Молитвата беше одржана во надворешен простор, а не во црква, за да се избегне каква и да е верска симболика, и имаше срдечни поздрави, а од истите причини беше решено молитвата да има три дела, наместо да биде единствена за сите.

Оваа историска средба се случи во екот на кризата на мировниот процес и недовербата меѓу израелската и палестинската страна, откако беше формирана владата на палестински национално единство по помирувањето меѓу ривалските фракции Фата, на Махмуд Абаз, и исламистичкот движење Хамас кое Израел го смета за терористичка организација и за одмазда ја забрза изградбата на еврејски населби на териториите коишто меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински територии.

Сепак, за време на неодамнешната посета на Светата земја, кога во мај папата Франциск ги повика Перес и Абаз на заедничка молитва во Ватикан, папата инсистираше дека не станува збор за политичко вмешување во Блискиот исток, порачувајќи дека би претставувало „лудост” доколку тој би изнесувал мировни предлози.

Перес и Абаз важат за умерени политичари коишто не ги прифаќаат екстремистите кај своите народи, па оттаму ниту иницијативата на папата, како ниту неговата посета на Светата земја не наидоа секаде на разбирање и одобрување./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион19 минути

Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат...

Македонија2 часа

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија4 часа

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион5 часа

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион6 часа

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет18 часа

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија19 часа

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет23 часа

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион23 часа

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија24 часа

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија1 ден

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија1 ден

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет1 ден

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија1 ден

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет1 ден

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија1 ден

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет1 ден

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ2 дена

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ2 дена

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...