Македонија
„Публика“ – нов политички неделник на пазарот
Нов политички магазин „Публика“ ќе излегува еднаш неделно заедно со дневниот весник „Дневник“, секоја сабота. „Сите бои на политиката, црно на бело“ е слоганот на овој неделник кој ќе биде наменет за оние според кои е и наречен- „Публика“. „Целта на „Публика“ е независно и објективно да ги анализира феномените што се случуваат во општеството. Ќе биде наменето за публиката, односно независната граѓанска јавност,“ изјави Сашо Кокаланов, главен и одговорен уредник на „Дневник“.„ Асоцијацијата на насловот на магазинот означува дека ќе биде наменет за публиката, не за политичките елити. За сите изминати години видовме една поделена граѓанска јавност, а денес таа поделба е уште поголема. Наместо развиена свест и јавност која ќе влијае врз политиката, имаме поделенoст доведена на ниво до непријателство, “ изјави Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на „Публика“.„Со излегувањето на овој неделник сакаме да се спротивставиме на прогнозите дека печатените медиуми ќе исчезнат од пазарот. Само со нови изданија можеме да се бориме за здрав медиумски пазар,“ изјави д-р Срѓан Керим, директор на Медиа Принт Македонија, која е дел од ВАЦ групацијата. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

