Македонија
Секоја втора Агенција за обезбедување работи нелегално?
Во Македонија функционираат вкупно 188 агенции за обезбедување на лица и имот. Според евиденциите на Комората за обезбедување на лица и имот по однос на издадени легитимации легално работат 57 агенции
Во Македонија функционираат вкупно 188 агенции за обезбедување на лица и имот. Според евиденциите на Комората за обезбедување на лица и имот по однос на издадени легитимации легално работат 57 агенции за обезбедување, а според Централен регистер активно работат 111 Агенции, соопштуваат од Комората.
„Тоа создава слика дека во просек секоја втора агенција е нелегална, па се надевам дека со една поголема контрола може да стигнеме до некоја поубава бројка. Кампањата која ја започнавме денеска е дел од она што ние ќе тргнеме да го правиме, втор чекор е нелојалната конкуренција. Во новиот Закон мислам дека имаме добри предлог решенија по кој што може да придонесеме таа нелојална конкуренција да ја анулираме. Законот за обезбедување на лица и имот постои од 1999 година. Имавме еден период од десет години, каде што или имаше недоволно контрола од страна на државните институции или пак воопшто немаше контрола. Значи тука не станува збор само за контрола на Министерството за внатрешни работи, туку и на сите други институции, затоа што ние сме правни лица кои работиме и по други закони“ вели Верица Милеска Стефановска претседател на Комората за обезбедување на лица и имот.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска смета дека со новиот предлог закон за обезбедување на лица и имот ќе се придонесе за воведување на поквалитетна работа во обезбедувањето на лица и имот.
„Ставот на МВР во однос на новиот Предлог закон за обезбедување на лица и имот, е дека тој е неопходна алатка која ќе биде соодветен одговор на новите трендови и предизвиците. Новите нормативни решенија во овој Закон и тоа како ќе придонесат за воведување на нови квалитети во обезбедувањето на лица и имот, за повисок степен на безбедноста на лицата и имотот“ рече Јанкулоска.
Од денеска, Комората за обезбедување на лица и имот започна кампања под мотото „Заедно сме сигурни, заедно сме едно“. Главна тема на годинешната кампања ќе биде имиџот на работникот за обезбедување, односно подобрување на сликата за обезбедувачите во јавноста.
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>
Според официјалните податоци, Комората до денес има издадено околу 16.000 лиценци за работота, а располага со 348 парчиња оружје на ниво на Македонија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

