Македонија
Продолжува растот на Македонска берза
Индексот на десетте најликвидни македонски компании МБИ10 продолжи да расте и денеска достигнувајќи раст од 2,49 проценти
Индексот на десетте најликвидни македонски компании МБИ10 продолжи да расте и денеска достигнувајќи раст од 2,49 проценти односно достигна вредност од 1.953,05 индексни поени.
Слична беше и ситуацијата со останатите два индекси и покрај промените кај европските индекси кои при денешното тргување светеа во црвено.
Индексот на јавно поседуваните друштва порасна за 0,73 проценти, а индексот на обврзниците забележа пораст од 0,15 проценти.
Во средата на пазарот на капитал беше остварен промет од 18.168.928,64 денари кој се оствари од 153 трансакции. Од овој промет 17.477.388,63 денари се реализира на Официјалниот Пазар кои се оствари од 103 трансакции, додека 691.540,00 денари се оствари на Редовниот Пазар од 20 трансакции.
Први по обем на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје, кои повторно направија голем промет во износ од над 7 милиони денари. Се истргуваа 3.051 акции, се тргуваа по цена од 2.479,71 денари по акција или тоа беше за 3,10 проценти поголема во однос на минатите тргувања.
Втори по обем беа акциите на Алкалоид Скопје со кои се истргуваа 735 акции по просечна цена од 3.124,24 денари, што значеше пораст од 2,92 проценти и при тоа остварија вредност на тргување од 2.296.314,00 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Гранит Скопје со кои се истргуваа 5.072 акции по просечна цена од 415,70 денари од акција и при тоа нивната цена падна за 0,15 проценти. Вредноста на тргување со овие акции беше 2.108.408,00 денари.
Нагорна промена на овој пазар забележаа акциите на Витаминка Прилеп од 2,36 проценти или се тргуваа на цена од 6.500,00 денари. Се истругваа 2 акции, а со нив се оствари промет од 13.000,00 денари.
На Редовниот Пазар како најтргувани акции беа акциите на Стопанска банка Скопје, кои се тргуваа по цена од 138,88 денари, односно забележаа пораст од 6,59 проценти. Се истргуваа 1.865 акции, а се оствари промет од 259.010,00 денари.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите Македонски Телеком кои се тргуваа по цена од 331,12 денари по акција, односно се истргуваа 671 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 222.180,00 денари.
Реплек Скопје објави ценовно чувствителна информација која се однесува на распределбата на дивиденда на акционерите за 2008 година. Имено во одлуката објавена на сајтот на Македонска берза, е наведено дека последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.04.2009 година, а прв ден на тргување без право на дивиденд ае 13.04.2009 година. Висината на дивидендата по акција ќе изнесува 5.812,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална банка Скопје
2. Алкалоид Скопје
3. Гранит Скопје
4. Стопанска банка Скопје
5. Македонски Телеком
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Стопанска банка Скопје 6,59 %
2. Макпетрол Скопје 6,01%
3. Комерцијална банка Скопје 3,10%
4. Алкалоид Скопје 2,92%
5. Витаминка Прилеп 2,36%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Фершпед Скопје 5,16%
2. Топлификација Скопје 0,32%
3. Гранит Скопје 0,15 %
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.
Македонија
Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.
Шведско-Македонската Стопанска Комора се воспоставува како силен институционален мост меѓу деловните заедници на двете земји и како јасна политичка порака за продлабочување на економското партнерство меѓу двете земји.
Во своето обраќање, заменик-министерот Димитровски истакна дека формирањето на Комората означува нова фаза во економските и деловните односи меѓу двете земји, со фокус на конкретни резултати, инвестиции и заеднички развој.
„Формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора испраќа силна порака дека економската соработка меѓу нашите држави се издигнува на повисоко, постратешко ниво. Ова е практичен механизам за поврзување на бизнисите, за поттикнување инвестиции со додадена вредност, за иновации и трансфер на знаење, но и за градење доверба која е основа на секое сериозно економско партнерство,“ истакна Димитровски.
Македонско-шведските економски односи бележат стабилен и охрабрувачки развој, со јасен потенцијал за понатамошна експанзија. Зголемениот интерес од компаниите и инвеститорите од двете земји ја потврдува потребата од институционална платформа која ќе ги поврзе деловните заедници и ќе ја забрза реализацијата на заедничките економски проекти. Во тој контекст, Комората се позиционира како катализатор за зголемување на билатералната трговија и проширување на секторите на соработка, се истакнува во соопштението.
„Шведско-Македонската Стопанска Комора ќе делува како платформа за активна соработка меѓу приватниот и јавниот сектор, обезбедувајќи системска поддршка за компаниите, застапување на нивните интереси и создавање амбиент на доверба, транспарентност и институционална стабилност. Преку ваков пристап, Комората ќе придонесе кон развој на одржливи, долгорочни и взаемно корисни деловни партнерства.
„Со формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора, испраќаме јасна порака дека ние сме подготвени за посилна економска соработка, за привлекување квалитетни инвестиции и за градење партнерства засновани на европски стандарди, доверба и заедничка визија за економски раст и развој”, заклучи Димитровски.

