Македонија
Премиерот Груевски се помоли за поголема благосостојба на граѓаните
На првиот ден по изборот на новата Влада, премиерот Никола Груевски денеска напладне се помоли во црквата Света Петка во скопската населба Црниче за, како што рече, поголема благосостојба на граѓаните,
На првиот ден по изборот на новата Влада, премиерот Никола Груевски денеска напладне се помоли во црквата Света Петка во скопската населба Црниче за, како што рече, поголема благосостојба на граѓаните, за добробит на Македонија, за подобра економија и подобри услови за живот и повеќе сила и мудрост за надминување на предизвиците и за почит меѓу граѓаните.„Се надевам дека во овој мандат со Божја помош, со многу работа, со многу труд, со многу посветеност и одговорност ќе ги постигнеме целите коишто треба земјата да ја донесат на едно повисоко скалило, а граѓаните да го почувствуваат тоа, што е всушност и наша цел. Тоа се евроатланските интеграции, образованието, мирот, почитта меѓу етничките и верските заедници, економски просперитет, борбата против криминалот и сите други цели. Да се развие во таков обем, каков што очекуваме и посакуваме“ – рече Груевски .По дводневна расправа и со 70 гласа „за“ десетина минути пред полноќ е избрана новата Влада на Република Македонија што во наредните четири години ќе продолжи да ја води Никола Груевски. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.