Свет
Медведев: НАТО не е непријателски настроен кон Русија

Рускиот претседател Дмитри Медведев смета дека мислењето на повеќето негови земјаци дека НАТО е непријателски расположен кон Русија „е грешка од повеќе аспекти“, пренесува Риа Новости
„Односите помеѓу Русија и НАТО отсекогаш биле тешки. Имаме одредена историска заднина“, рече Медведев пред учесниците на 46-та Минхенска безбедносна конференција во Москва. Тој се согласи дека со учесниците на конференцијата дека во Русија „постои чувство дека НАТО е некаков агресивен елемент“.„Она што е исто така очигледно е дека често пати делови на западниот свет, обичните луѓе, Русија ја гледаат како земја каде што не може да има демократија, чие раководство секогаш се врти кон авторитативното владеење“, вели Медведев.Рускиот лидер ги посочи руско-полските односи, кои се поправија по многу години на тензии, како пример за тоа како можат да бидат надминати историските разлики.Минхенската конференција, која е основана во 1962 година, е меѓународен форум на кој се собираат политичари, дипломати, воени лица, деловни луѓе, научници и јавни личности од преку 40 земји. Ова е прв пат конференцијата да се одржува во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Свет
Најжешкиот град во светот во Иран, вчера измерени речиси 50 степени

Најжешкиот град вчера беше Омдије во Иран, каде што биле измерени 49,6 степени, податоците се објавени на веб-страницата „Огимет“, која собира временски податоци од целиот свет.
На второ место беше градот во Иран, Ахваз, сместен во долината на реката Карун, со 48,6 степени.
Најстудената точка во светот беше Восток на Антарктикот, каде што беа измерени минус 74,2 степени.
Најсилниот ветер беше регистриран на Гренланд, налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во градот Хонавар.
Во Европа, вчера, според написите во светските агенции, најжешко беше во Турција, каде што дури осум града беа меѓу десетте најжешки.
42,6 степена беа измерени во Батман, 41,9 во Дијарбакир, 41,7 во Урфа. И два града во Шпанија беа меѓу десетте најжешки – Сјеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.
Во швајцарскиот врв Јунгфрајох беше нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа вчера напладне.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Воен авион се урна во училиште во Бангладеш полно со деца: има загинати

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени кога авион за обука „Ф7“ на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училиштен кампус во северна Дака кратко по полетувањето, објави локалната телевизија.
По падот, авионот од кинеско производство се запалил, а според првичните информации, засега е пронајдено телото на пилотот.
A training aircraft has crashed in Uttara, #Dhaka. The incident occurred this afternoon (Monday) in the Milestone College area of Uttara.
According to the Inter-Services Public Relations (ISPR), a Bangladesh Air Force F-7 BGI training aircraft crashed in Uttara. The aircraft… pic.twitter.com/DeivlfQI7o
— Basherkella – বাঁশেরকেল্লা (@basherkella) July 21, 2025
„Воздухопловните сили спасија четири повредени лица и ги однесоа во болница“, изјави Лима Канам, службеник на противпожарната служба, што беше и првата информација за несреќата.
Сепак, бројот на повредени оттогаш се зголеми. Според телевизијата „Јамуна“, повредени се најмалку 13 лица, вклучувајќи ученици и студенти.
🇧🇩🚨🚨 BREAKING 🚨🚨
Training aircraft crashed at Uttara Milestone College….!#Bangladesh #Dhaka pic.twitter.com/M9f0GbPC2f— Huda (@faisalhuda_) July 21, 2025
Авионската несреќа се случила во кампусот на училиштето и колеџот „Мајлстоу во Утара околу 13.30 часот по локално време, дваесетина минути по полетувањето. Несреќата се случила додека во училиштето се одвивала настава.
Фото: принтскрин