Македонија
Македонија очекува безвизен режим до крајот на 2009

Република Македонија ги исполни критериумите од Патоказот и е на добар пат да ја оствари целта за безвизен режим
Република Македонија ги исполни критериумите од Патоказот и е на добар пат да ја оствари целта за безвизен режим за што конечна одлука ќе донесат државите-членки.
Ова го изјави потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Жак Баро на средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Брисел, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Скопје.
Според истиот извор, Баро ги поздравил резултатите во областите на правда и внатрешни работи, реформите во полицијата, правосудството и борба против корупцијата.
Милошоски изјавил дека Македонија очекува започнување правна процедура за укинување на визите врз основа на индивидуалниот пристап, и безвизен режим до крајот на годинава, се додава во соопштението./крај/со/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.