Економија
Шпанците, Грците и Хрватите меѓу десетте „најнесреќни“ нации во светот
Таканареченото брзо рангирање на десетте „најнесреќни“ држави што го изработува Bloomberg на база на Misery Index-от покажува дека на врвот од оваа неславна листа се Шпанците, а уште две земји од регионот се во топ 10, односно Хрватска е трета а Грција е четврта.
„Индексот за несреќност“ или „Индексот на сиромаштија“ беше воведен во 1970-те од страна на американските економисти и претставува комбинација од стапката на инфлацијата и невработеноста, кои во прв ред придонесуваат за чувството за несреќност кај обичниот човек.
Шпанија е на врвот на листата со 30 отсто, а по неа следат Јужна Африка, а Хрватска е за малку пред Грција со околу 26 проценти. Потоа на листата се Венецуела, Португалија, Аргентина, Словачка, Египет и Ирска.
Од Bloomberg забележуваат дека кога овој индекс би се применувал само кај помладите од 25 години, во Шпанија сигурно тоа би се подвело во категоријата „проклето несреќни“, имајќи ја големата невработеност меѓу младата популација.
Американскиот економист Артур Окун кој го воведе индексот, смета дека кога индексот надминува 20 проценти, граѓаните на земјата може да преземат екстремни мерки и да се јави насилство. Во демократските земји тоа може да доведе до промена на власта, а во земјите со авторитарна власт – до соборување на режимот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

