Македонија
Германските инвеститори во Македонија сметаат дека деловната клима е подобрена
Осумдесет проценти од компаниите членовите на Македонско-Германското стопанско здружение повторно би ја одбрале Македонија како дестинација за својата инвестиција.
Ова го покажуваат резултатите од овогодишната анкета за конјунктурата во Македонија во 2015 која Македонско-Германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија по десети пат ја спроведоа помеѓу 179 компании членови во првиот квартал од 2015 година.
Оценката на општата економска состојба во Македонија е значително попозитивна во споредба со претходните години, покажала анкетата.
Мнозинството на компаниите, кои се активни во Македонија ја оценува сегашната економска состојба во Македонија како добра (21%) или како задоволителна (41%), додека 38% ја класифицираат моменталната економска состојба како лоша, при што 25% од испитаниците дури сметаат и на подобрување во 2015 година.
Во минатата година беа уште 42%, кои ја оценија актуелната економска состојба како лоша и само 8% како добра. Што се однесува на оценката на општата економска состојба, ова е најдобар резултат од почетокот на спроведувањето на анкетата во 2007 година. 65% од испитаните комании (2014:52%) ја оценуваат деловната состојба на своите компании како задоволителна, 27% ја оценуваат како добра (2014:36%).
Сепак во анкетата се критикуваа важни локални фактори како транспарентноста на јавните набавки, ефикасноста на јавната администрација, политичката и социјална стабвилност, правната сигурност, условите за развој и истаржување. Овие фактори беа оценети со најслаби оценки.
Моменталната деловна ситуацијa на својата компанија ја сметаат 27% од испитаниците за добра (2014:19%), 65% ја оценуваат како задоволитлна (2014:57%) и 8% (2014: 24%) наведуваат, дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. Во однос на очекувањата за развојот на деловната ситуација на својата компанија во 2015 година во споредба со претходната година, над 47% од испитаните компании сметаат на подобрување на својата состојба на компанијата. 47% прогнозираат постојани и непроменети услови за нивната компанија. Само 6% очекуваат потешка економска ситуација во 2015 година.
Резултатите од овогодинешната анкета и при набљудување на инвестициите и вработувањето на нови работници, за компаниите – членки на Македонско- Германското стопанско здружение пазарот на трудот и инвстиции во Македонија станува се поинтересен, дури 32% сакаат да ги зголемат своите инвестиции во 2015 година и 27% ќе вработат нови работници.
Во локалните фактори кои беа позитивно оценети се вбројуваат продуктивноста на работниците, трошоците на трудот, квалификацијата и академското образование.
Мартин Кнап, директор на германската стопанска комора во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение ги сумираше резултатите.
Во 2014 година Германија била најголемиот трговски партнер на Македонија и трговскиот промет изнесувал 2,5 милијарди евра. Треба да се забележи, дека извозот на Македонија кон Германија во изминативе години континуирано расте. Во 2014 година извозот на Македонија кон Германија изнесувал 1,8 милијарди евра, а увозот од Германија изнесувал 712 милиони евра, со што Македонија е една од малкуте земји, кои со Германија имаат трговски суфицит.
„Со оглед на постоечките и најавените германски инвестиции во Македонија, очекуваме оваа тенденција да продолжи. Во изминатите две години дури четири германски компании кои размислуваа дали да инвестираат во Македонија или во Србија, донесоа одлука својата инвестиција да ја реализираат во Македонија, со тоа веќе постоечките и последните нови германските инвестиции обезбедуваат вработување дури на 11.000 граѓани во Македонија. Успех ветува и почетокот на изградбата на нови автопатишта и проширувањето на постоечката железничка мрежа, како и изградбата на нова железничка врска со Бугарија. Подобрената инфраструктура ќе допринесе за тоа да се зголеми атрактивноста на Македонија како место за инвестиции и со тоа ќе се поттикне ангажманот на германското стопанство во форма на нови инвестиции“, рече Кнап
Михаел Дикамп, претседател на Македонското-Германско Стопанско Здружение оцени дека проценката на актуелната економска состојба во Македонија дава позитивни сигнали.
„При оценувањето на изгледите на македонската економија за тековната година, повторно се покажа дека компаниите-членки на Македонското-Германско Стопанско Здружение, веруваат во Македонија: тие и понатаму сакаат да инвестираат, да вработуваат нови работници и очекуваат висок промет и добивка. 79% од испитаните компании повторно би инвестирале во Македонија. Од анкетата произлегува дека инвестициите и градењето на деловните врски пред се зависат од понатамошното подобрување на рамковните услови: мора да постои правна сигурност, да се покачи платежната дисциплина, а административните постапки, како и постапките за јавни набавки да бидат потранспарентни и поефикасни. Овие фактори се основни предуслови за да се стекнат нови, особено мали и средни германски претпријатија како инвеститори во Македонија“, смета Дикамп. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.
„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.
Економија
(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите
Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.
„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.
Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.
„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.
Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.
Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.
Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.
Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

