Свет
Во САД десетмина починати од свински грип, грипот се шири во Азија
Aмериканската сојузна држава Јута соопшти за првиот смртен случај од грипот A(H1N1), а Аризона за третиот, со што бројката починати во САД од почетокот на епидемијата се зголеми на десет
Дејвид Сандвол, претставник на Министерството на државата Јута, официјално соопштил дека 21-годишно момче инфицирано од вирусот на грипот од типот A(H1N1), во средата вечер починало во болница во Солтлејк Сити. Тој додал дека момчето имало хронично заболување, кое придонесло за копликации во респираторниот систем и други проблеми по кои настапила смрт.Во соседната сојузна држава Аризона, пак, од свинскиот грип починало 13-годишно момченце. Тоа починало во петокот, но дури вчера лабораториските наоди дефинитивно потврдиле дека причина за смртта е оапсниот вирус на грип. Јапонија како најзагрозена азиска држава утрово потврди 272 случаи. Околу 4.500 училишта од кои повеќето во окрузите Осака и Хиогу се затворени до крајот на седмицава, а ќе бидат затворени и училиштата во провинцијата Шиги. Доколку продолжи ваквиот тренд, и во Јапонија се утврди појава на т.н. автономно жариште на заразата, СЗО најавува дека може да го зголеми степенот на опасноста на шестото ниво и да прогласи пандемија. Но, Јапонија и уште неколку држави побараа од директорката на СЗО, Маргарет Чан, да не прогласува според нив избрзано пандемија, на што таа се согласи, сепак предупредувајќи ги дека таа е неизбежна.И Кина го потврди третиот случај на заразување со свинскиот грип, втор во глaвниот град Пекинг.Во Јужна Америка, Чиле има пријавено најголем број инфицирани – 16, но се претпоставува дека бројката ќе се зголемува.Со вирусот на грип од типот A(H1N1) официјално беше соопштено во средата дека се заразени 10.243 лица во 40 држави во светот, а како последица од заразувањето со него, починале 80, објави Светската здравствена организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.