Свет
Најмалку 98 ранети во Јемен
Најмалку 98 лица се ранети во јеменскиот главен град Сана откако полицијата отворила оган на демонстрантите кои бараат предвремено заминување на претсеателот Али Абдула Салех кој е на власт вќе 32 години
Како што пренесува Reuters повикувјаќи се на болнички извор, најмалку шестмина се со сериозни повреди. Припадниците на владината полиција и на тајните служби стрелале врз поголема група луѓе за да ги спречат да се приклучат на неколкуте илјади демонстранти кои со седмици кампуваат пред Универзитетот во Сана, изјавиле очевидци за агенцијата. Јеменската државна новинска агенција Saba вината за пукањето и нападот ја припишува на вооружени лица поврзани со еден од племенските лидер, а во истата информација се додава дека станува збор за престрелка во која биле ранети трojцa полицајци и тројца демонстранти. Јеменската агенција додава и дека полицијата ги упасила напаѓачите.Анти-владините немири избија во Јемен во почетокот на февруари. Претседателот Али Абдула Салех Салех, од кого демонстрантите бараат итна оставка, претходно изјави дека тој нема да бара проширување на неговите овластувања или обид за пренос на власта на неговиот син. Салех стана претседател на Северна Јемен во 1978 г., а по повторното обединување на Северна и Јужна во 1990 г., е на чело на унитарната Арапската Република Јемен.Во четвртокот, висок претставник на јеменската влада објави дека претседателот Салех одговорил позитивно на предложените од опозицијата ткн. „патна карта“ за земјата за илзез од политичката криза, во којашто која, меѓу другите мерки, е ја вклучува и својата оставка пред крајот на 2011 г. Опозициската коалиција во четвртокот рече дека нуди пет точки програма која вклучува, меѓу другото, итна оставката Салех, чиј мандат истекува есента 2013 г.Претходно во понеделникот опозицијата ја одби понудата на Салех да формираат влада на национално единство и продолжи да побара итна оставка од претседателот.Од почетокот на 2011 г. голем број држави на Блискиот Исток и во Северна Африка, како што се Тунис, Египет, Бахреин, Јемен и Либија, се заплиснати од бранот народно незадоволство, што резултираше со безредија и протести против постојните режими во овие земји. Народнтие востанија доведоа до соборување на владејачките режими во Египет и Тунис. Во моментов, жестоки борби се водат меѓу побунетиот народ и лојалистите на власта на полковникот Моамер ел-Гадафи во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот министер: Преговорите во Оман со САД беа многу добар почеток
Во главниот град на Оман, Маскат, заврши нов круг преговори меѓу Иран и САД, при што, според иранската државна агенција ИРНА, двете страни покажале подготвеност за продолжување на дијалогот. Агенцијата „Тасним“ објави дека е договорено разговорите да продолжат, но не е наведено кога би се случило тоа.
Преговорите се одвивале со посредство на оманскиот министер за надворешни работи, Саид Бадр Албусаиди. Иранскaта делегација ја предводел шефот на дипломатијата Абас Аракчи, а американската страна била претставувана од специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. На разговорите присуствувал и адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на американската армија (CENTCOM).
Министерот Аракчи во изјава за иранските државни медиуми по средбата истакна дека разговорите биле „многу добар почеток“ и дека биле одржани во „многу позитивна атмосфера“. Додаде дека двете делегации се договориле да продолжат со консултации со своите челници.
И покрај тоа што не беа соопштени детали за конкретните теми, оманскиот министер за надворешни работи Албусаиди изрази оптимизам и оцени дека било „корисно да се разјаснат ставовите на двете страни и да се утврдат можности за напредок“. Тој на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) напиша дека резултатите ќе бидат внимателно разгледани од Техеран и Вашингтон.
Very serious talks mediating between Iran and the US in Muscat today.
It was useful to clarify both Iranian and American thinking and identify areas for possible progress. We aim to reconvene in due course, with the results to be considered carefully in Tehran and Washington. pic.twitter.com/OWctzf2CXA— Badr Albusaidi – بدر البوسعيدي (@badralbusaidi) February 6, 2026
Свет
Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“
Европската унија би можела да го принуди „Тик-ток“ да направи измени во апликацијата, откако во прелиминарна одлука наведе дека платформата ги прекршила правилата за дигитална безбедност.
Европската комисија смета дека дизајнот што предизвикува зависност му штети на физичкото и менталното здравје на корисниците, особено на децата и ранливите лица, пишува „Гардијан“.
Според одлуката, „Тик-ток“ не ги проценил соодветно ризиците од својот дизајн, кој преку постојано надградување со нова содржина поттикнува непрекинато скролање и го става мозокот во режим на автопилот. Комисијата наведува дека тоа може да доведе до компулсивно однесување и намалена самоконтрола, како и дека платформата игнорирала показатели за прекумерна употреба, вклучително и времето што децата го минуваат на апликацијата ноќе.
Комисијата размислува за наметнување промени во дизајнот, вклучувајќи измени на алгоритмот за препораки, ограничување на бесконечното скролање, воведување ефективни паузи од екран, вклучително и во текот на ноќта, како и прилагодување на системот за препораки.
Безбедносните механизми, како алатките за контрола на времето и родителските контроли, се оценети како недоволни.
Кршењето на Актот за дигитални услуги (ДСА) може да резултира со казна до 6 проценти од годишниот промет на компанијата. Се проценува дека „Тик-ток“ годинава ќе оствари приход од околу 35 милијарди долари.
Свет
САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран
Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Иран, предупредувајќи на сериозни безбедносни ризици, вклучувајќи тероризам, немири, киднапирања и произволни апсења и притворања на американски граѓани.
Американските власти им советуваат на граѓаните сами да направат план за излез и да не се потпираат на помош од американската влада, бидејќи САД немаат амбасада во Иран.
Според предупредувањето од Стејт департментот на САД, американските граѓани во Иран се соочуваат со висок ризик од нелегално притворање, вклучувајќи долготраен притвор, тортура и, во некои случаи, смртна казна. Швајцарија дејствува како заштитна сила за американските интереси во Иран, чија амбасада во Техеран обезбедува само итни конзуларни услуги.

