Свет
Отворен оган врз демонстрантите во индиски Кашмир
Индиската полиција отворила во петок оган врз демонтрантите во Кашмир, притоа ранувајќи најмалку четири лица, соопштил за AFP полициски извори
„Според првичните информации, безбедносните сили отвориле оган за да ги запрат демонстрантите кои фрлале со камења. Четири лица се ранети. Две од нив се во критична состојба“, изјавил неименуван полициски офицер од округот Будгам.Во четврток навечер седум демонстранти биле ранети кога силите за безбедност отвориле оган на две ралични локации во местото Сопоре, околу 50 килметри северно од главниот град на индиски Кашмир, Сринагар.Регионот беше опфатен од антииндиски демонстрации во текот на целото лето, а последните судири беа дополнително испровоцирани минатиот викенд од најавата за палење на Куранот во САД.Во обид да спречат уште една серија насилства, полицијата и паравоените единици патролираат по напуштените улици на градовите во индискиот дел на Кашмир и со мегафони најавуваат дека оние кои ќе го прекршат полицискиот час ќе бидат веднаш застрелани.Сепак, група демонстранти излегоа на улиците на градот Барамула, северно од главниот град на кашмир, Сринагар и фрлаа со камења по полицијата. Полицијата реагираше со стрелање во воздух и со солзавец, при што беа повредени тројца демонстранти.Регионот со месеци е опфатен од постојани антииндиски демонстрации на претежно муслиманското население, во кои во текот на летото загинаа најмалку 88 луѓе.Регионот Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а и двете држави тврдат дека е целосно нивни. Од создавањето на двете држави пред 60 години, тие четири пати воделе војни за овој регион.Од 1989 г. во регионот трае сепаратистичко востание, во кое досега загинаа околу 68 илјади луѓе. Иако вооруженото востание е, главно, потиснато, регионот и натаму е огромно присуството на армијата, со контролни пунктови на сите главни патишта. Исто така, во регионот се стационирани десетици илјади индиски војници, а суровите закони на вонредната состојба се уште важат, што придонесува кон тензиите меѓу населението и армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хрват од Истра предводел терористичка група, го поврзуваат со напади во Европа
Американскиот Стејт департмент во понеделникот го прогласи колективот Терорграм за терористичка група и воведе санкции за водачите на групата. Еден од нив е Хрват од Истра.
„Терорграм е транснационална терористичка група која оперира првенствено на социјалните медиуми и платформата за дигитални пораки Телеграм. Групата промовира насилен бел расизам, поттикнува напади врз перцепирани противници и обезбедува упатства и инструкциски материјали за тактики, методи и цели за напади, вклучително и критична инфраструктура и владини претставници. Групата исто така ги слави оние кои извршиле такви напади“, се вели во соопштението што го пренесе „Индекс“.
Групата ги поттикнала корисниците на Терорграм на напади, вклучително и пукање во октомври 2022 година пред ЛГБТ бар во Словачка, планиран напад на енергетски објекти во Њу Џерси во јули 2024 година и напад со нож во џамија во Турција во август 2024 година.
Во септември 2024 година, двајца водачи на американскиот терорграм беа обвинети. Во обвинението се наведени 15 точки, вклучувајќи поттикнување на извршување злосторства од омраза, поттикнување убиства на владини службеници и заговор за давање материјална поддршка на терористите.
Стејт департментот ги објави имињата на тројцата лидери на Терорграм:
Чиро Даниел Аморим Фереира е администратор на каналот Терорграм; Фереира е бразилски државјанин кој живее во Бразил.
Ноа Ликул е висок член. Тој е хрватски државјанин кој живее во Хрватска.
Хендрик-Вал Мулер е администратор на каналот Терограм; Мулер е државјанин на Јужна Африка кој живее во Јужна Африка.
Свет
Маж се самозапали во близина на канцеларијата за борба против корупција во Јужна Кореја
Маж се самозапали во близина на јужнокорејската канцеларија за истрага за корупција, каде што отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол беше сослушан под обвинение за бунт, соопшти националната противпожарна служба.
Мажoт на возраст од околу 60 години имал тешки изгореници и бил онесвестен по инцидентот кој се случил околу пладне, соопштија од противпожарната служба. Новинската агенција „Јонхап“ претходно објави дека мажот починал.
Толпата луѓе кои протестираа против апсењето на Јун, поврзано со неговата ненадејна одлука да прогласи воена состојба на 3 декември, која ја втурна земјата во политичка криза, сè уште беа собрани пред канцеларијата во моментот на инцидентот.
Свет
Фон дер Лајен доби награда за воспоставување единство на земјите во ЕУ: Таа е моќниот глас на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е наградена со меѓународната награда Карло Велики, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска Управниот комитет на наградата.
Фон дер Лајен ја доби наградата за „нејзините услуги за единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата на (коронавирус), за единството на решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за промовирањето на Зелениот договор“, се вели во соопштението, како што пренесува бриселската новинска агенција Политико.
„Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се вели во образложението за наградата.