Македонија
Македонски државјани ограбиле рекорден број банки во Австрија
Тројца македонски државјани и еден Словак познати како „Банда која прави пари“ ограбиле вкупно 26 банки во Австрија за седум години, почнувајќи од 2004. Ова е рекорден број на грабежи на банки во историјата на Австрија.
Тројца македонски државјани и еден Словак познати како „Банда која прави пари“ ограбиле вкупно 26 банки во Австрија за седум години, почнувајќи од 2004. Ова е рекорден број на грабежи на банки во историјата на Австрија.
Четири члената група била под водство на триесет и тригодишниот Нешати Нури од Тетово кој бил познат под прекарот Лутка. Му помагале Вулнет Хамзаи и Хајредин Халиу, двајцата македонски државјани, и словачкиот државјанин, Марко Арслани. Парите ги краделе со црни најлонски масивни кеси, а најомилени им билe банките од групацијата „Шпаркасе“.
Од австриската полиција засега не знаат колку пари украла бандата. По водачот на озлогласената банда трагале сите европски полиции. На словачката полиција успеал да и избега во 2009 година давајќи и лажни документи.
Хрватската полиција го обезбедила неговиот прекар, по што по него почнала да трага и македонската полиција. Македонското МВР го идентификувало во јули 2009 година.
Конечно бил уапсен во Берлин во февруари годинава, а на 18 август бил екстрадиран во Австрија.
„Ова е најголемиот случај на грабеж на банки во историјата на Австрија“ изјави австриското полициско аташе Штефан Турнер.
Последниот грабеж бил направен на 31 јануари во Грац. Освен за насилни грабежи водачот на групата е обвинет и за обид за убиство врз чувар на банка.
Ова е втора голема соработка меѓу македонската и австриската полиција по акцијата „Диригент“ и по апсењето на Македонците, припадници на Франкфурт мафијата кои растураа дрога во Франкфурт и Виена. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

