Општество
Млекото во „Бимилк" е строго контролирано и безбедно
Македонија повеќе троши, отколку што произведува млеко. Околу 900 компании произведуваат млеко и млечни производи, но фактот дека земјава не стои добро со сточниот фонд , го отвора прашањето дали увезеното сирово млеко е безбедно и дали преку него не може да се внесат канцерогените афлатоксини?
„Ние увезуваме евапорирано млеко, коешто го увезуваме од Германија. од многу квалитетна компанија која не треба ни да зборуваме какви сé контроли не врши на млекото,. Меѓутоа, да не се залажуваме дека увезеното млеко и тука не се проверува”, рече Златко Најдовски од Битолска млекарница.
Млекото, како што тврди Најдовски, без разлика дали е сирово или преработка, готов производ, увезено или домашно, тоа подлежи на низа контроли на патот од фармата до рафтовите во продавниците. Станува збор за приемни, процесни контроли и контроли на готовиот производ.
Најдовски додава дека контрола се врши дури и на солта, шеќерот, затворачите и амбалажата.
Во однос, пак, на афлатоксинот, вели дека него го има секаде, особено во регионите каде што има голема влага, високи температури кои се поволни за негово развивање.
„Македонија со самата географска положба, и соседна Грција исто така, се најнеповолните почва за афлатоксинот”, рече Најдовски
Алкохолна контрола при откупот, бројот на микрооргански колонии, соматски клетки, хемиски квалитет, тешки метали, антибиотици, афлатоксин и киселост, се дел од испитувањата кои се прават на млекото, не само од интерните, туку и од страна на екстерните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство за кои, како што рече Најдовски, млекарницата имала архивирано извештаи за три години наназад, коишто потврдуваат дека млекото е безбедно за употреба.
„Одговорно тврдам битолското млеко, а јас верувам и другите млека во Македонија, се безбедни”, истакна Најдовски.
Дека во македонското млеко нема присуство на афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, во петокот потврди и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и порача дека нема да дозволи увоз на млеко кое содржи какви да се штетни материи.
Димовски рече и дека освен увезеното млеко, редовно се контролира и внесената сточна храна во земјава, особено од соседните држави, имајќи предвид дека пченката е најголем пренесувач на афлатоксинот и тоа пред жетвата, што беше случај минатата година во соседна Србија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

