Македонија
Стечајниот на А1 на состанок во СРД решаваат за дозволата на А1

Стечајниот управник на А1 телевизија, Ацо Петров на состанок со членовите на Советот за радиодифузија решаваат за тоа дали ќе и се одземе дозволата за работа на А1 телевизија, откако Основниот суд Скопје 2 отвори стечајна постапка за телевизијата.
Стечајниот управник на А1 телевизија, Ацо Петров на состанок со членовите на Советот за радиодифузија решаваат за тоа дали ќе и се одземе дозволата за работа на А1 телевизија, откако Основниот суд Скопје 2 отвори стечајна постапка за телевизијата.Советот за радиодифузија треба да одлучи дали ќе и ја одземе дозволата за работа на А1, со оглед на членот 62 од Законот за радиодифузија кој вели „Ако настапи стечај или ликвидација, дозволата за работа престанува да важи“.Членовите на Советот за радиодифузија, пак, имаа различни мислења за тоа дали со отворање на стечајната постапка ќе и’ се одземе дозволата за работа на телевизијата. За Стефановски ова беше несреќно формулиран член и според него, требало да гласи „Ако настапи стечај со ликвидација, дозволата за работа престанува да важи“.Со отворањето на стечајната постапка за А1 телевизија, согласно Законот за стечај, им престанува работниот однос на сите, околу 230 вработени во телевизијата, потврди вчера Петров. Тој вели дека еден дел од вработените со одобрение на Судот ќе бидат задржани за одредени неодложни работи, но не сакаше да прејудицира, колку со оглед на тоа што Советот за радиодифузија треба да одлучи дали со отворањето на стечајната постапка, ќе и’ ја одземе на А1 дозволата за работа. /крај/мт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини без гужви

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Од петок се очекува постепен пораст на температурата.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош.
Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 28.07.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 49 ( општина Аеродром ) како и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци. ( општина Петровец )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците во село Мршевци, објектите на фирмите Фреш Фарм, Солар Ентра, Мијак, Си Мао и Солант, како и корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци. ( општина Илинден )
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Нерешка. ( општина Карпош )