Свет
Најмалку 21 загинат во сообраќајна несреќа во Бангладеш
Најмалку 21 патник загина, а 50 се повредени во недела при директен судир на два автобуса во Бангладеш.
Најмалку 21 патник загина, а 50 се повредени во недела при директен судир на два автобуса во Бангладеш.
Несреќата се случила на околу 65 километри југозападно од престолнината Дака. Првичните информации беа дека во несреќата загинале 15 луѓе, додека останатите биле префрлени во болница. По патиштата во Бангладеш годишно страдаат околу 4.000 луѓе, а сообраќајните власти во земјата за тоа ги обвинуваат лошите патишта и невнимателното возење. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на „Американ Ерлајнс“ кој се судри со воен хеликоптер „Блек Хок“ полета над Вашингтон, одржа прес-конференција.
Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат.
Им се заблагодари на итните служби кои работеа цела ноќ. Таа со солзи во очите потврди дека и било кажано дека нема преживеани.
„Ова е ужасна трагедија која ќе го обедини градот“, рече Ву, додавајќи дека „семејствата на жртвите ќе бидат известени пред да се објават идентитетите на жртвите“.
Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Досега се пронајдени телата на над лица од авионот и едно лице од хеликоптерот.
Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе, пренесуваат светските агенции.
Свет
(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер
Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија „блек хок“ и се урнал во реката Потомак.
Во патничкиот авион имало 64 патници и членови на екипажот при слетување на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон. Потоа се судрил со хеликоптерот „сикорски Х-60“, во кој се превезувале три лица.
Спасувачите беа во надеж дека ќе најдат преживеани, а надежта полека исчезнува за семејствата што чекаат вести на аеродромот, пренесуваат тамошните медиуми.
Повеќе од 30 тела се извлечени од реката Потомак во изминатите 10 часа, изјавија за „Ен-би-си Вашингтон“ извори запознаени со спасувачката операција.
Шефот на пожарникарската и итната медицинска помош во Вашингтон, Џон Донели, потврди дека тие се префрлаат од мисија за спасување во операција за закрепнување.
„Не веруваме дека има преживеани во оваа несреќа и извлековме 27 лица од авионот и едно од хеликоптерот“, додава тој.
Свет
Маж избоден со нож во вратот во Франција: случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал
Уапсен е мажот што избоде човек во вратот во францускиот град Лион. Член на семејството на напаѓачот го пријавил напаѓачот во полиција откога го препознал кога видеото од нападот станало вирално на интернет, а нападот се случил кога жртвата случајно налетала на него во метро-станица.
Полицијата го уапсила напаѓачот вчеравечер во неговиот дом во областа Венисие, јавуваат француските медиуми.
Претседателот на Метрополис Лион, Бруно Бернард, вчера вечерта на социјалната мрежа Х објави дека осомничениот е уапсен. „По инцидентот, го баравме лицето што го нападна со нож нашиот корисник на метрото по судирот. Овој страшен напад веднаш ги активира нашите служби, а снимката од надзорната камера веднаш ја проследивме во полиција. Лицето штотуку беше уапсено“, напиша тој.
Бернард исто така ѝ се заблагодари на националната полиција за брзите напори во истрагата на инцидентот. „Нашите мисли се со оние што беа жртви на овој чин“, додаде тој.
Инцидентот се случил во неделата, веднаш откога напаѓачот се симнал од возот на метро-станицата Гилотиер во Лион. На снимката од надзорната камера се гледа како тој излегува од платформата и се упатува кон скалите кога друг маж случајно се судри со него.
Се чини дека тие накратко размениле неколку зборови пред напаѓачот да го брка и да му забие нож во вратот. Потоа мирно се оддалечил, а жртвата ја ставила раката на раната и збунето гледала наоколу, очигледно не знаејќи дека штотуку е избодена.
Напаѓачот веднаш побегнал од местото, а полицијата интензивно трагала по него. Во меѓувреме, итните служби на самото место му укажале помош на оштетениот по што тој бил пренесен во болница.
Очевидец изјавил за Frontières дека е чудо што човекот го преживеал нападот.