Регион
Јанкуловска: Владата прави сé да се спречи злоупотребата на безвизниот режим

На форумот на Министрите за внатрешни работи и правда „ЕУ Западен Балкан“, што од четвртокот се одржува во Будва, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во своето обраќање посветено на механизмите за следење на поствизната либерализација и гранично управување пред своите колеги истакна дека Македонија ги презема сите неопходни мерки и прави напори што е можно повеќе да се намали бројот на лажни азиланти од земјава, кои, за жал, сé уште се присутни во западноевропските земји.
„Владата на Република Македонија презема превентивни и репресивни мерки за обесхрабрување на злоупотребата на безвизниот режим“, истакна Јанкуловска која потенцираше дека фокусот на земјата е врз подобрување на условите за живот на ранливите категории.
Поствизната либерализација беше една од главните теми на министрите за внатрешни работи, односно мониторингот на истата и состојбата со бројот на лажните азиланти и граничното управување.
Главен акцент на средбата е поставен и на нелегалните миграции и нивното спречување кога станува збор за миграциите од ризичните подрачја, имајќи предвид дека земјите од Западен Балкан се наоѓаат на западноевропската рута која е една од најпогодните за мигрантите што доаѓаат од Азија и Африка./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.