Контакт

Свет

Лавров: Русија не ja разбира логиката на земјите што ги повлекуваат амбасадорите од Сирија

Објавено пред

Москва не ја разбира логиката на западните земји и државите од Персискиот залив, кои одлучија да ги повлечат своите амбасадори од Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Москва не ја разбира логиката на западните земји и државите од Персискиот залив, кои одлучија да ги повлечат своите амбасадори од Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.Одлуката на западните земји и земјите од Персискиот залив да ги повлечат амбасадорите од Сирија, не е адекватна за создавање услови за спроведување на мировната иницијатива на Арапската лига, изјави во средата во Москва рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по неговото враќање од Дамаск, каде што се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад..„Не мислам дека отповикувањето на амбасадорите создава такви услови коишто ќе бидат полезни за реализацијата на иницијативата на Арапската лига“, рече шефот на руската дипломатија, пренесува РИА НовостиПрвиот човек на руското министерство за надворешни работи, вели дека за Москва не е, исто така, јасно решението за брзото замрзнување на активностите на набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија, која реално не постигнала многу, но сепак помогнала донекаде да се стабилизира ситуацијата во земјата.„Присуството на странските набљудувачи секогаш има одвратувачка улога. И не е јасно зошто некои држави од Персискиот залив ги повлекоа своите претставници од мисијата, и зошто таа мисија беше суспендирана во истиот момент кога нејзиниот извештај беше разгледуван во Советот за безбедност на Обединетите нации“, вели Лавров.Тој истакнува дека кога започнало разгледувањето на „мароканската“ нацрт резолуција во Советот за безбедност, Москва побарала во неа да се внесат конкретни барања за безбедносните сили, вооружените луѓе од градовите, а не таа да биде адресирана само на владините сили, туку и на вооружените групи кои се борат со владините сили.„Според мое мислење, тоа е логично, и фактот дека нашите колеги ко-автори на резолуцијата одбија да ги додадат овие барања коишто се однесуваа и на противниците на Асад, не знам како тоа може да се оправда, а потоа многу брзо да се инсистира дека со неприфаќањето на ова резолуција во Советот за безбедност, по вина на Русија и Кина, е испуштена можноста да се запре крвопролевањето. Ние ја пропушти можноста да им се обратиме на вооружените одреди, кои се борат против владините сили и заземаат градови и села. Оваа можност ние ја пропуштивме. Ако тоа беше целта на авторите на резолуцијата, би било исправно да се каже тоа“, изјави Лавров.Според Лавров, Русија, исто така, побарала да се вклучи во  нацрт-резолуцијата точка за неопходноста да им се укаже на силите, или на оние кои имаат влијание врз нив, да ги повикаат опозициски групи на започнување национален дијалог. Меѓутоа, овој предлог беше одбиен, нагласува министерот за надворешни работи на Руската Федерација.Минатата седмица, Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив одлучи да ги повлече своите претставници од групата меѓународни набљудувачи во Сирија.Арапската лига ја испрати набљудувачката мисија во Сирија на 26-ти декември 2011 година по потпишувањето на сириско-арапскиот протокол за прием на набљудувачи на Лигата во земјата. На состанокот во Каиро на 23-ти јануари Арапската лига го продолжи мандатот на набљудувачката мисија во Сирија за еден месец, ветувајќи дека ќе ги прошири своите надлежности. Сириската влада се согласи со оваа одлука. Подоцна, сепак, Арапската лига ја суспендира работата на мисијата образложувајќи ја одлуката со „зголеменото ниво на насилство“ во земјата.Во Сирија, речиси една година не запираат анти-владините протести. Секојдневни се извештаите за десетици судири меѓу цивили и униформирани лица. Според извештајот на Обединетите нации, во 11-те месеци судири меѓу регуларните сили и одметнатите војници и опозициските групи загинале околу шест илјади луѓе. Властите на претседателот Башар ал-Асад против кого избија протестите кои преминаа во вооружени судири, тврди дека бројот жртви е околу 2.500, претежно припадници на полицијата и војската кои се напаѓани од „терористички групи оркестрирани однадвор“.Во саботата на 4-ти февруари, Русија и Кина со вложување вето го блокираа усвојувањето на резолуција за состојбите во Сирија од страна на Советот за безбедност на ОН. Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност, по вторпат во изминатите неколку месеци, го блокираа носењето резолуција за Сирија, сметајќи дека текстот е неприфатлив за нив. Во Москва и Пекинг стравуваат од повторување во Сирија „“либискиот сценарио“ со носењето на резолуцијата на Советот за безбедност, што овозможи странска воена интервенција со којашто беше соборен режимот на Моамер ел-Гадафи.Сирија претставува важен партнер на Русија на Блискиот исток и еден од најголемите купувачи на руско оружје во регионот./крај/рн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Објавено пред

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без одобрение од Конгресот. Гласањето заврши со резултат 51 спрема 49, најмногу по партиски линии. Само двајца републиканци се приклучија на демократите во поддршката на мерката.

dobivaj vesti na viber

Иницијативата беше предложена поради стравувања дека Трамп би можел да нареди напад врз Венецуела, откако американските сили во последните два месеца извршиле најмалку 16 напади на бродови во Пацификот и на југот од Карибите, при што биле убиени повеќе од 65 лица.

Главни поддржувачи на резолуцијата беа демократските сенатори Тим Кејн и Адам Шиф, како и републиканецот Ренд Пол. Тие предупредија дека администрацијата не понудила јасна стратегија за Латинска Америка и дека правното оправдување на нападите не спомнува директни операции на територијата на Венецуела.

Трамп претходно изјави дека овластил ЦИА да спроведува тајни операции, но потоа негираше дека планира копнени напади. Сепак, САД ја засилија воената присутност со воени бродови, авиони и илјадници војници во регионот.

Државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет го информирале Конгресот дека администрацијата „во моментов не планира војна со Венецуела“, но не обезбедиле детали за целите, трошоците и правното покритие.

Некои правни експерти предупредуваат дека нападите може да претставуваат кршење на меѓународното право и на американските закони.

Прикажи повеќе...

Свет

Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите

Објавено пред

Акционерите на „Тесла“ одобрија најголем пакет плата во корпоративната историја — речиси 1 билион долари — за извршниот директор Илон Маск. Планот предвидува доделување 12 транши акции ако компанијата ги исполни амбициозните цели во следните 10 години.

dobivaj vesti na viber

Маск би можел да ја зголеми сопственоста во компанијата од 13 на 25 проценти, а првата исплата би следела кога пазарната вредност на „Тесла“ ќе достигне 2 билиони долари. Целосниот пакет би се реализирал ако компанијата достигне 8,5 билиони долари вредност и 400 милијарди долари годишна добивка.

Оваа одлука доаѓа откако судот во Делавер минатата година го поништи претходниот бонус од 2018 година. Дел од инвеститорите изразија загриженост дека договорот му овозможува на Маск огромна добивка дури и без целосно исполнување на деловните цели.

Прикажи повеќе...

Свет

Перу ја прогласи мексиканската претседателка за непожелна личност

Објавено пред

Перуанскиот конгрес ја прогласи мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум за „персона нон-грата“, неколку дена откако Перу ги прекина дипломатските односи со Мексико поради тоа што Мексико ѝ одобри азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавес.

dobivaj vesti na viber

Чавес, која била премиерка во времето на соборениот претседател Педро Кастиљо, се засолнила во мексиканската амбасада во Лима за да побара азил. Мексико соопшти дека азилот е даден согласно меѓународното право, одбивајќи ги обвинувањата на Перу дека станува збор за „непријателски чин“.

Перу го разгледува правниот основ — „Конвенцијата од Каракас“ од 1954 година — на која се повика Мексико.
Односите меѓу двете земји се затегнати уште од 2022 година, кога Мексико одобри азил на сопругата и децата на Кастиљо.

Бетси Чавес е обвинета за заговор во обидот за распуштање на парламентот и се соочува со казна до 25 години затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија13 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија14 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија16 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ17 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија18 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија18 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија18 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија21 час

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион21 час

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија22 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа23 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет23 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа1 ден

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 ден

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет1 ден

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа1 ден

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет1 ден

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...