Македонија
Заврши семакедонската венчавка во Битола

Синоќа, на вториот ден од Семакедонската венчавка, беа изведени повеќе традиционални обреди, како што се месењето на сваќата, китењето на торбата за канење, бајракот, плетењето на венецот и бричењето на зетот, а денеска следуваше централниот дел од манифестацијата.
Синоќа, на вториот ден од Семакедонската венчавка, беа изведени повеќе традиционални обреди, како што се месењето на сваќата, китењето на торбата за канење, бајракот, плетењето на венецот и бричењето на зетот, а денеска следуваше централниот дел од манифестацијата. На плоштадот Магнолија најпрво беше изведен обредот месење на тестото или меѓу битолчани популарно викано месење на сваќата. Сваќата всушност е погача замесена со брашно вода и шеќер (за да им биде благ животот на младенците). Погачата ,„сваќа“, ја меси девојче со живи родители и се меси и кај зетот и кај невестата. Погачите имаат намена за дарување и канење на сватовите, законџиите (сведоците) и гостите, и треба да се замесуваат во непарен број. Торбата се кити со пувки и монети а картата (садот со ракија за канење на сватовите) со цвеќе и босилок преврзани со црвен конец.Китењето на бајракот или руглицата се одвива веднаш по китењето на торбата и картата, и го изведуваат млади девојки. На него се ставаат јаболко и цвеке на вршката. Потоа следеше забричувањето на зетовците кои беа седнати на дрвени столови под кои беа послани црвени черги. Забричувањето на зетовите го врши нункото и деверот а две деца му држат крпа под вратот (деверот ги премачкува со пена а нункото (кумот) ги бричи).Утринава, нункото, деверот и зетовците си ги зедоа невестите. По дарувањето, деверот ги заигра невестите на орото па потоа него го водеа невестите, зетовците и нункото и се упатија во црквата „св.Димитрија“ на чинот на големото венчавање.„Чувството е прекрасно. Деветнаесет години сме во брак, имаме 18 годишна ќерка. Пресреќни сме поради ваквата венчавка“, велат Татјана и Маријанчо Арсовски од Пробиштип. „Прекрасно е. Ние сме во брак веќе шест месеци, сакавме да се венчаме во црква за да можеме и нашата ќерќичка потоа да ја крстиме во црква“, велат Марија и Влатко Димоски од Прилеп, најмладиот венчален пар на Семакедонската венчавка. По чинот на венчавката, организаторите и младенците си посакаа среќа, радост и многу пород до идната година кога на истото место ќе им посакаат добар брак и среќа на догодинашните свршеници. Завршниот дел од масловната Семакедонска вечнавка се одвиваше со заеднички ручек и забава во ресторанот „Корзо“. /крај/твт/еј/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цела ноќ борба со огнот во велешката фабрика – изгореа магацин со фрижидери и канцеларии со документи

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин каде што имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории со документација.
Во гаснењето учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени, возило од ЈКП „Дервен“, како и две специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен биле и шестмина полициски службеници од Велес.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се испитуваат.
Македонија
Голем пожар во фабрика во Велес

Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните.
На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката.
„Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше доцна синоќа дека нема информации за повредени лица при пожарот.
Причините за избувнувањето сè уште не се познати.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.