Македонија
Караџоски: Ноторни лаги се наводите на ДКСК
Директорот на јавното претпријатие, „Македонски шуми“, Жарко Караџоски денешните наводи што ги изнесе Државната комисија за спречување на корупцијата ги нарече ноторни лаги
Во телефонски разговор за Макфакс тој ги отфрла податоците на ДКСК дека недомаќински трошел пари. „Ноторна лага е дека сум потрошил 11.500 евра за ручеци и вечери.. Јавното претпријатие „Македонски шуми“ потрошило многу повеќе пари, со оглед на тоа дека има 30 подружници, 3.000 вработени, 30 директори. Она што се троши за такви намени изнесува еден отсто од вкупниот приход на ова јавно претпријатие.“ вели Жарко Караџоски. Во врска со службените патувања на релација Скопје – Прилеп, вели дека каде тој патува и како патува е регулирано со менаџерски договор. Вели дека е лага дека патува со приватно возило, а дека му се исплаќаат надоместоци. Како што тврди не користел сопствено возило за овие патувања. За набавката на артиклите за репрезентација, Караџоски вели дека тоа било јавно спроведена постапка на тендер и се било законски. „Дали ова претпријатие не треба вода да пие и не треба да имам со што да ги послужи гостите“ прашува Караџоски. Државната комисија за спречување на корупција покрена иницијатива за разрешување на директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски. Според документацијата со која располага ДКСК, јавното претпријатие потрошило околу 11.500 евра за ручеци и вечери. За артикли за репрезентација, само во 2010 г. биле потрошени околу 6.500 евра. Покрај вообичаените артикли за репрезентација биле набавени и скапи алкохолни пијалоци, најчесто виски. Караџоски заедно со неговиот возач, Љупчо Здравески примале пари како да патувале со службено возило на релација Скопје- Прилеп, иако патувале со приватно возило. За ова им биле исплатени околу 850 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

