Македонија
Албанците протестираа против пописот во април
Најмалку 2.000 Албанци со стотици албански знамиња, знамиња на САД, Европската Унија и НАТО придружени од гласна албанска музика на чело со лидерот на Демокрациа е Ре, Имер Селмани, денеска протестираа пред Собранието во центарот на Скопје.
Со транспарентите „Груевски доста е“, „Албанци – продадено“ и „ДУИ и ВМРО се вљубени“ под мотото „Не се попишуваш, не постоиш“, насобраните демонстранти го изразија своето незадоволство од коалицијата на власт и бараа пописот на населението кој е закажан во април, да се одржи во јули и да трае еден месец .
Меѓу транспарентите беше забележлив и еден со зборовите „Стоп за национализмот“, но не се забележа македонското знаме.
Протестот беше под големо полициско обезбедување, но помина мирно и без инциденти. Колона од демонстранти со огромен аплауз ги пречека лидерот на Демокрациа е Ре, Имер Селмани, како и останатите високи функционери на неговата партија.
„Со овој масовен протест одлучени сме да го спречиме донесувањето на Законот кој брише над 30 отсто од албанското население во Македонија,“ рече Имер Селмани и додаде дека неговата партија има единствена цел – „да го спречи дискриминаторскиот и антиалбански закон кој го предлага Владата на ВМРО и ДУИ“.
Тој истакна дека пописот не треба да се одржи во април, туку во јули и дека наместо 15 дена, треба да трае еден месец, и истиот да ја опфати и албанската дијаспора.
„Бидете само еднаш мажи и не гласајте како што ви наредиле Никола Груевски и Али Ахмети. Гласајте како што бара албанскиот народ, електоратот кој ве гласал да бидете пратеници,“ им порача Селмани на пратениците на ДУИ.
Лидерот на Демокрациа е Ре на крајот ја поздрави подршката на протестот од Албанците во Америка, Западна Европа како и од другите страни на светот./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

