Свет
Американскиот конгрес ги замрзна средствата за Пакистан
Американскиот Конгрес во понеделникот навечер објави дека одлучил да ги замрзна 700–те милиони долари помош за Пакистан, сé додека во Исламабад не докаже дека ја помага борбата против исламистичките бунтовници чија мета се американските војници.
Американскиот Конгрес во понеделникот навечер објави дека одлучил да ги замрзна 700–те милиони долари помош за Пакистан, сé додека во Исламабад не докаже дека ја помага борбата против исламистичките бунтовници чија мета се американските војници.Особено во изјавата на Конгресот се апострофираат импровизираните експлозивни направи кои се едно од најсмртоносните оружја кое милитантите го користат против американските и коалициските сили во Авганистан. Повеќето од овие импровизирани експлозивни направи од амониумов нитрат, кој се користи кака вештачко ѓубриво, а милитантите во Авганистан го набавуваат од Пакистан. САД сакат „докази дека Пакистан се пори против импровизираните експлозивни направи во својата земја со кои се напаѓаат нашите коалициски сили“, изјави за медиумите претставникот Хаувард Меккеон по состанокот на двата дома на Конгресот кој бил посветен на усогласувањето ан Законот за одбрана кој треба да биде усвоен идната седмица.САД од 2001 година досега издвоил околу 20 милијарди долари за помош на Пакистан поради подобрување на неговите воени капацитети за борбата против исламистичките милитантни. Тензиите меѓу Пакистан и САД се зголемија откако 26-ти ноември неколку хеликоптери на НАТО упаднаа во воздушниот простор на Пакистан од Авганистан и извршија воздушент напад врз контролен пункт во племенска област Моманд во северо-западниот дел од земјата во близина на границата со Авганистан. Во нападот загинаа најмалку 28 војници а 14 беа ранети.Како и една година претходно при сличен инцидент, и овој инцидент предизвика сериознo заладување на односите меѓу Пакистан и НАТО. Исламабад изјави дека таквата акција на западните сили „е во спротивност со суверенитетот на земјата“. Потоа, во знак на протест Пакистан ги затвори коридорите за логистичка поддршка за силите на НАТО.Преку Пакистан се доставува повеќе од 70 отсто од логистиката за силите на меѓународната коалиција кои се борат со талибанските бунтовници на авганистанска територија. Бидејќи во Авганистан нема железничка линија, целата логистика, како и горивата за потребите на НАТО, се транспортираат со камиони од пакистанските пристаништа на Арапското Море, особено од пристаништето Карачи.По ова минатата седмица следуваа два напада врз конвоите на НАТО на пакистанска територија, при што во првиот беа запалени 34 камиони на Алијансата а во неделата навечер беа запалени уште седум камиони-цистерни на меѓународните сили. /крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражителите ја пронајдоа клучната причина за несреќата во Шпанија
Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.
Според агенцијата, експертите што ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.
Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.
Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка“ е практично исклучена како причина за несреќата.
Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.
фото/епа
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

