Македонија
АРМ ќе испрати војници во Авганистан

Парламентарците денеска ја изгласаа одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировна операција во Авганистан во состав на Школата за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан (NTM-А).
Парламентарците денеска ја изгласаа одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировна операција во Авганистан во состав на Школата за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан (NTM-А).Министерот за одбрана Зоран Коњановски образложи дека станува збор за тројца припадници на АРМ кои ќе работат како обучувачи во состав на Школата за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан, со што ќе придонесат за јакнење на капацитети на авганистанските сили. Припадниците на АРМ ќе бидат испратени во септември, а во Школата ќе бидат до февруари 2012 година, кога ќе се направи првата ротација.Пратениците од СДСМ го поддржаа предлогот , но забележа за намалувањето на буџетот за армијата. „Буџетот за војниците не треба да биде пренаменет за други министерства“, рече пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ и додаде дека извештаите од мисиите не доаѓале во Собранието.На тоа министерот Коњановски одговори дека по враќањето на војниците од мисија извештаите редовно се доставувале во Собранието и посочи оти за пренамената на средствата се залагаат за развој на одбраната и оти во овој период немало потреба од купување на застарени тенковски гранати. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)