Македонија
Град Скопје ќе позајми 350 милиони денари од ЕБОР
Град Скопје ќе земе заем од 350 милиони денари од Европската банка за обнова и развој за проширување на улицата „Првомајска“ и изградба и опремување на Центар за управување и контрола на сообраќајот.
Град Скопје ќе земе заем од 350 милиони денари од Европската банка за обнова и развој за проширување на улицата
„Првомајска“ и изградба и опремување на Центар за управување и контрола на сообраќајот.
За проширувањето на „Првомајска“ ќе се потрошат 190 милиони денари. Проширувањето на улицата ќе се одвива на потегот од крстосницата со улицата „11 Октомври“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ и од фабриката „Усје“ до Драчево.
Во овие пари влегува и изградбата на колектор од Транспортниот центар до улицата Првомајска.
За изградба на Центарот за управување и контрола на сообраќајот се предвидени 160 милиони денари од заемот.
Град Скопје најавува и набавка на камиони за ЈП „Комунална хигиена“, како и набавка на садови за отпад. За таа цел, советот на Град Скопје одобри дополнително задолжување во износ од 183 милиони денари. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

