Свет
Надојдената Мисисипи им се заканува на околните рафинерии

Највисокото ниво на водата на реката Мисисипи, кое го достигна денеска, почна да им се заканува на најмалку две рафинерии во сојузната држава Луизијана и на стотиците нафтени и плински црпилишта, предупреди гувернерот на Луизијана, Боби Џиндал
Највисокото ниво на водата на реката Мисисипи, кое го достигна денеска, почна да им се заканува на најмалку две рафинерии во сојузната држава Луизијана и на стотиците нафтени и плински црпилишта, предупреди гувернерот на Луизијана, Боби ЏиндалПо дилувијалните дождови во април, Мисисипи овие денови е шест пати поширока од вообичаеното и почна да им се заканува на две рафинерии и на 1.750 нафтени и плински црпилишта.„Безбедноста на тие постројки е наш приоритет“, истакна гувернерот Џиндал, без да каже за кои рафинерии станува збор.Американската армија до сабота треба да отвори уште еден канал за да ја пренасочи реката од сојузната држава Њу Орлеанс и да го намали нивото на водата на влезот на реката во мексиканскиот залив. Висината на водата на западниот брег на Мисисипи достигна шест метри и загрози околу 24.000 луѓе и 13.000 фирми. Гувернерот денеска ги издаде и првите наредби за евакуација. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната, изјави канадскиот премиер Марк Карни на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Како што објави Укринформ, Карни рече дека Путин постојано поставува нови услови и ги одложува работите затоа што се плаши од состанокот. Според канадскиот премиер, Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на која било неутрална територија.
Премиерот на Канада нагласи дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таков состанок. Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива, додаде Карни.
Тој рече дека е клучно сојузниците на Украина да продолжат да даваат поддршка додека не се одржи таков состанок.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Од украинска страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, како и дека „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“ од украинска страна.
„Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што може да биде платформа за разговор со Русите“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.
Тој рече дека е важно земјите-партнери на Украина да го потврдат ова.
„Дури и во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери, првенствено на Соединетите Американски Држави, да извршат притисок врз Русија“, нагласи Зеленски.
Според него, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини за да се принуди Русија да ја заврши војната.
„Тукушто одржав состанок со дипломатскиот тим – Министерството за надворешни работи, Канцеларијата, сите. Подготвуваме нови контакти со лидерите на земјите партнери. Очекуваме дека наредните недели ќе бидат многу активни“, додаде Зеленски.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици.
„Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна“, рече Трамп.
Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите доколку војната во Украина не престане, објави Си-Ен-Ен.
„Нема да има светска војна, но ќе има економска војна. Ќе биде лошо за Русија“, рече Трамп.
Тој изрази надеж дека сè уште постои пат до медијација во постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.
Трамп, исто така, повторно посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски носи дел од вината за конфликтот.
„Она што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко“, рече Трамп за војната во Украина, наведувајќи дека сè уште мисли дека ќе може да помогне во прекинувањето на тој конфликт.
Трамп неколку пати се закани со воведување санкции кон Русија ако не ја заврши војната во Украина и постави временски рамки за тоа, но подоцна ги продолжи, потсетува CNN.
Фото: принтскрин