Свет
Евробарометар – Економската состојба и невработеноста главни проблеми

Економската состојба и невработеноста се главни проблеми во Македонија сметаат граѓаните, кои се склони да веруваат дека
Економската состојба и невработеноста се главни проблеми во Македонија сметаат граѓаните, кои се склони да веруваат дека тие ќе останат главни прашања со кои земјава ќе се соочува во 2030 година.Ова се наведува во Националниот извештај на Македонија во рамките на 71-иот Евробарометар. Седумдесет и првиот Евробарометар (ЕБ71) е спроведен во 27-те држави-членки на Европската Унија и во трите земји-кандидатки –Македонија, Хрватска и Турција, во периодот од 12 јуни до 7 јули 2009.Покрај намалениот оптимизам поради глобалната економска криза, жителите на Македонија и натаму се поголеми оптимисти во однос на иднината на ЕУ (74%) од јавноста во земјите-членки (64%). Истражувањето го потврди позитивниот став што преовладува кај јавноста во однос на членството во ЕУ. Бројот на испитаниците кои го сметаат членството во Унијата за добра работа останал непроменет во изминатите шест месеци (64%). Тоа се однесува и на бројот на граѓаните кои очекуваат придобивки од зачленувањето во ЕУ (74%), што е значително поголем процент во споредба со останатите две земји-кандидатки. Македонија останува на врвот на листата држави според бројот на граѓани кои имаат позитивни чувства кон ЕУ (59%). Слободата на патување, студирање и работа насекаде во Европа е позитивен аспект кој испитаниците во земјава најчесто го поврзуваат со ЕУ. Сепак, во спротивност со позитивната слика за Унијата е чувството кај јавноста за неприфатеност од страна на ЕУ, се наведува во извештајот. Мнозинството испитаници сметаат дека Унијата не ги зема предвид нивниот и гласот на нивната земја. Анкетарите го извршија истражувањето со интервјуирање на вкупно 26,796 испитаници во членките на ЕУ и во земјите-кандидатки. Примерокот на граѓани кои учествуваа во ова истражување е репрезентативен за мислењето на населението на возраст од 15 години па нагоре и претставува индикатор за ставовите и размислувањата на сите социјални, професионални и возрасни групи од урбаната и руралната популација./крајс/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Свет
Најжешкиот град во светот во Иран, вчера измерени речиси 50 степени

Најжешкиот град вчера беше Омдије во Иран, каде што биле измерени 49,6 степени, податоците се објавени на веб-страницата „Огимет“, која собира временски податоци од целиот свет.
На второ место беше градот во Иран, Ахваз, сместен во долината на реката Карун, со 48,6 степени.
Најстудената точка во светот беше Восток на Антарктикот, каде што беа измерени минус 74,2 степени.
Најсилниот ветер беше регистриран на Гренланд, налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во градот Хонавар.
Во Европа, вчера, според написите во светските агенции, најжешко беше во Турција, каде што дури осум града беа меѓу десетте најжешки.
42,6 степена беа измерени во Батман, 41,9 во Дијарбакир, 41,7 во Урфа. И два града во Шпанија беа меѓу десетте најжешки – Сјеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.
Во швајцарскиот врв Јунгфрајох беше нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа вчера напладне.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Воен авион се урна во училиште во Бангладеш полно со деца: има загинати

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени кога авион за обука „Ф7“ на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училиштен кампус во северна Дака кратко по полетувањето, објави локалната телевизија.
По падот, авионот од кинеско производство се запалил, а според првичните информации, засега е пронајдено телото на пилотот.
A training aircraft has crashed in Uttara, #Dhaka. The incident occurred this afternoon (Monday) in the Milestone College area of Uttara.
According to the Inter-Services Public Relations (ISPR), a Bangladesh Air Force F-7 BGI training aircraft crashed in Uttara. The aircraft… pic.twitter.com/DeivlfQI7o
— Basherkella – বাঁশেরকেল্লা (@basherkella) July 21, 2025
„Воздухопловните сили спасија четири повредени лица и ги однесоа во болница“, изјави Лима Канам, службеник на противпожарната служба, што беше и првата информација за несреќата.
Сепак, бројот на повредени оттогаш се зголеми. Според телевизијата „Јамуна“, повредени се најмалку 13 лица, вклучувајќи ученици и студенти.
🇧🇩🚨🚨 BREAKING 🚨🚨
Training aircraft crashed at Uttara Milestone College….!#Bangladesh #Dhaka pic.twitter.com/M9f0GbPC2f— Huda (@faisalhuda_) July 21, 2025
Авионската несреќа се случила во кампусот на училиштето и колеџот „Мајлстоу во Утара околу 13.30 часот по локално време, дваесетина минути по полетувањето. Несреќата се случила додека во училиштето се одвивала настава.
Фото: принтскрин