Свет
Нетанјаху ќе ослободи илјада Палестинци во замена за Гилад Шалит
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е подготвен да ослободи илјада палестински затвореници ако радикалното палестинско движење Хамас го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит, пренесе Reuters
Во своето обраќање пред израелската јавност, премеирот Бенјамин Нетанјаху рекол дека сите израелски граѓани сакаат Шалит да се врати неповреден но и дека искуството од минатото покажува дека многу ослободени Палестинци се враќаат во вршење на напади врз Израел.Израелскиот војник Гилад Шалит од 2006 г. е во палестинско заробеништво на Хамас. Неодамна рпеку своијата итнернет страница Хамас обајви дека му било овозможено да го следи светското фудбалско првенство преку телевизиски преноси. Фудбалските натпревари Гилад Шалит ги следи преку преносите од прохамасовиот Ал-Аксин сателитски канал. Во извештајот е наведено и дека следењето на натпреварите на заробениот војник барем на кусо време ќе му овозможи да заборави на затвореничкото секојдневие и на „очајот откако израелската влада решила ди ги суспендира индиректните преговори кои требаа да доведат до завршувањето на договорот со Хамас“. Шалит кој има и француско државјанство „бил многу разочаран и тажен откако Мексико ја совлада Франција на ова светско првенство во Јужна африка“.Во преговорите за размена на затворениците меѓу Хамас и Тел Авив посредуваше Египет а потоа и Германија. Но преговорите пропаднаа по инсистирањето на Хамас Израел од своите затвори да ослободи илјада Палестинци, претежно негови припадници, во замена за Шалит.Семејството на Шалит во неделата во Ерусалим протестираше заедно нивните поддржувачите одржаа протестна кампања за негово ослободување. Тие рекле дека ќе протестираат и пред кабинетот на премиерот.Во мај во полза на ослободувањето на Шалит разговори водеше и рускиот претседател Дмитриј Медведев при неговата средбата со лидерот на Хамас во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

