Македонија
Состојба на патишта за петок, 09.04.2010
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози во пониските делови и наместа влажни коловози се бележат на повисоките планински превои.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози во пониските делови и наместа влажни коловози се бележат на повисоките планински превои.На патниот правец Скопје- Велес и Велес-Скопје тунелите ќе останат без електрична енергија во периодот од 09-14 часот.На патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато сообраќајот сеуште се пренасочува по стариот пат Р-106 (од Ресен кон Битола и обратно) во должина од 5,5 километри.На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, како и кон приодите на градовитеНа граничните премини нема подолги чекања, ниту за влез ниту излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

