Македонија
Лобирачка канцеларија во Брисел за полесен пристап до парите од фондовите
ЗЕЛС и Градот Скопје во четврток ќе ја отворат првата канцеларија преку која македонските општини ќе можат да лобираат во добивањето на пари од Европските фондови
Скопје со своја канцеларија ќе им се придружи на Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Бугарија, Полска, Велика Британија и други земји кои веќе имаат отворено свои канцеларии. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека канцеларијата ќе биде финансирана од ЗЕЛС и од Градската управа. „Трошоците ќе бидат поделени 50-50, а според пресметките месечните трошоци нема да бидат поголеми од шест или седум илјади евра. Ова е добар начин за промоција на општините во Македонија, а за два до три дена ќе се реши кој ќе биде наш претставник во канцеларијата во Брисел“, рече Трајановски. Тој додаде дека отворањето на канцеларија на главните градови во Брисел во Европа е пракса бидејќи им помага на општините полесно да лобираат кај европските фондови. Канцеларијата ќе има околу 12 квадратни метри, а се наоѓа во зградата на Советот на европските општини и региони, каде ЗЕЛС членува од 2004 година. На свеченото отворање планирано е да присуствува премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за европски прашање Васко Наумовски, како и многу амбасадори и европратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, соопшти ЈСП Скопје
Од ЈСП Скопје информираат дека во среда на 01.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од четврток на 02.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во среда на 01.01.2025 година билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од четврток 02.01.2024 година продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата на 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот.
Македонија
Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК
Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата.
Парична казна од 100 евра за лицата кои ќе бидат затекнати со стара возачка.
Граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи, согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата.
Во него беше предвиден рок од пет години за промена на документите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК, беше до 31 декември 2024 година.
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево и тивко со мала локална облачност
Времето денеска, наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.