Општество
Еразмус плус за проширување на маркетинг знаењата низ Македонија
Во функција на промоција на економските потенцијали на Република Македонија, во среда започна и официјалната реализација на Ерасмус+ проектот ‘Youth Marketing Leaders for Sustainable Development [YouMARK]’, кој во наредната година дена ќе се одржи на повеќе локации во Република Македонија.
Во функција на промоција на економските потенцијали на Република Македонија, во среда започна и официјалната реализација на Ерасмус+ проектот ‘Youth Marketing Leaders for Sustainable Development [YouMARK]’, кој во наредната година дена ќе се одржи на повеќе локации во Република Македонија.
Учество во овој проект ќе земат повеќе од 100 млади маркетинг лидери од четири континенти: Австралија, Азија, Африка и Европа. Конкретно, во проектот се вклучени организаци и иниверзитети од 14 држави и тоа од Австралија; Бугарија; Гана; Грција; Италија; Казахстан; Киргистан; Македонија; Полска; Романија; Словенија; Турција, и од Чешката република.
Проектот е подржан од Европската комисија во рамките на Erasmus+ програмата, а негов координатор е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ – Скопје.
Основна цел на проектот е продлабочување на маркетинг знаењата, пред се, во функција на промовирање на одржливиот развој преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот.
Не толку одамна лицата кои го поседуваа капиталот, земјата, шумите, минералите, ја имаа толку посакуваната компаративна предност во однос на конкуренцијата. Потоа, дојдоа времиња кога требало да се има иновативен производ, добра организација и менаџмент. Кон крајот на минатиот век, компаративна предност беше да се има комјутер, автоматизирано производство.
Денес, компаративната предност е лесна како сонот на пеперутката. Тоа е знаењето, идеjата оживотворена во практична и одржлива иновација… Но, добра идеја без добар маркетинг план останува само добра идеја!
Оттаму, проектот претставува неопходно камче во градењето соодветни одговори на мозаикот прашања што пред себе ги поставува големиот предизвик: Да се пронајде вистинскиот колосек за остварување одржлив развој, кодиран со пазарниот модел на живеење и фокусиран на иднината.
Маркетинг плановите токму се дел од иднината, која треба биде одржлива од економски, социјален и од аспект на заштитата на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.