Свет
Неутрализирана бомби во близина на седиштето на НАТО во Брисел
Воените деминири неутрализирале двестотини килограми тешка авиобомба заостаната од Втората светска војна, откриена на градилиштето на новото седиштето на НАТО во Брисел, објавија локалните медиуми
Бомбата била пронајдена при изведување на почетокто на градежните работи, потошно при ископот на земја во понеделникот. А во текот на ноќта деминерите ја започнале операцијата за неутрализирање на бомбата.Прес-службата на НАТО во вторникот потврди дека и покрај спроведувањето на специјалните операции во близина на сегашниот штаб на НАТО, не била преземена евакуација на персоналот, но бил забранет влезот во комплексот.Исто така при изведувањето на операцијата на деминирање, бил запрен сообраќајот на булеварот „Леополд Трети“ во белгиската преастолнина, кој минува во близина на палцот на кој се одвиваат градежните работи.Првото свечено поставување камен темелни на новиот административен комплекс на НАТО, кој ќе чини околу 460 милиони евра, беше извршено во септември годинава, а градежните работи е предвидено да завршат до есента 2015 г.Седиштето на НАТО сега се состои од комплек на трикатни монтажни објекти, кои се изградени набрзина во 1967 г. по повлекувањето на Франција од воената организација на НАТО и, според тоа се јави потребата да се пресели седиштето на Алијансата од Париз во Брисел.Новаиот административен комплекс на НАТО во Брисел ќе зафаѓа вкупна површина од 250 илјади квадратни метри и ќе биде изграден неколку стотини метри од сегашното седиште на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

